Агенциите за недвижности предвидуваат дека цените на становите ќе паѓаат заради многуте новоизградени згради во Скопје.Агенциите за недвижности предвидуваат дека цените на становите ќе паѓаат заради многуте новоизградени згради во Скопје. Дневник објави дека „во моментов слободни се околу 43 отсто од становите во зградите што се пуштени во употреба од почетокот на годинава и за кои се извадени имотни листови, покажува најновиот извештај на специјализираната консултантската куќа за недвижности „Фортон Македонија“. Според нивните анализи, становите во Скопје сега се продаваат по 4,9 отсто пониски цени од втората половина на 2012, а Народната банка (НБМ) пресмета дека тие во првите три месеци од годинава поевтиниле за 5,5 отсто, односно дека станбениот квадрат поевтинил од 45 до 70 евра. Па така, најевтините станови, кои првично се продавале по 850 евра за квадрат, сега би требало да се купат за 800. Тие што чинеле 950 евра, сега се околу 900, а тие од 1.000 евра паднале на 945. Најскапите станови од 1.200 или 1.300 евра за квадрат сега би требало да може да се купат за 1.150, односно 1.230 евра за квадратен метар.
Аналитичарите кои ги пренесува весникот предвидуваат дека трендот на намалување на цените ќе продолжи. Зголемената понуда, како и слабата побарувачка ќе ги притискаат инвеститорите и понатаму да ги спуштаат цените, односно тие ќе се приспособат на условите на пазарот и на достапноста на банкарските кредити.
Во Скопје пак во август се очекува почетокот на продажбата на становите од облакодерите во скопската населба Аеродром, каде во секоја кула има по 344 станови.
Преземено од: Република.мкАгенциите за недвижности предвидуваат дека цените на становите ќе паѓаат заради многуте новоизградени згради во Скопје