Паѓаат кривичните пријави против градоначалникот на Берово Драги НаџинскиКон крајот на март 2016 година ТВ Стар од Штип објави вест која почнуваше вака:
“Од денеска беровскиот градоначалник Драги Наџински е со кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување. Наџински не го почитувал законот при изградбата на мостот на Брегалница кај селото Митрашинци и на градската капела…“
Она за коешто известуваше телевизијата беше поднесената кривична пријава од адвокатот Ж.С. од Прилеп против градоначалникот Наџински и други лица вработени во општинската администрација тврдејќи за голема злоупотреба на службената положба и постапување во спротивност со законските одредби.
Но дали е така?
Оваа кривична пријава на 30.09.2016 година од страна на Основното јавно обвинителство – Кочани е ОТФРЛЕНА поради тоа што во ниту една од постапките за која се водеше не е утврдено прекршување на законските одредби.
Ова може да се констатира од Решението бр.117/16 од Основното јавно обвинителство Кочани донесено на 30.09.2016 година по изнесувањето на сите докази од двете страни.Кон крајот на март 2016 година ТВ Стар од Штип објави вест која почнуваше вака:
“Од денеска беровскиот градоначалник Драги Наџински е