Палента пита со спанаќ – Готова за 30 минути!

Готовите кори за пита се олеснителна околност за вработените и зафатени жени.
 Состојки:
500 гр кори за пита
400 грама спанаќ (замрзнат)
1 литар вода
2 лажици сол
1 ½  чаша палента или пченичен гриз
7 јајца
1 чаша минерална вода
половина чаша масло
1 чаша јогурт
Начин на подготовка:
Шолјата во која ќе ги мерите намирниците нека биде од 200 мл.
Смрзнатиот спанаќ сварете го во вода во која ќе додадете само сол. Ќе ви требаат околу 15 минути додека спанаќот омекне, а потоа додадете го пченкарното брашно полека, мешајќи се фино да се спои без грутки. Малку нека се вари, но внимавајте на балончињата кои прскаат и може да ве изгорат. Тргнете од оган и додадете минерална вода, масло и јогурт мешајќи. Така побргу ќе се разлади.
Јајцата изматете ги пенасто и додавајте во нив од смесата со спанаќ и палента и повторно мешајте.
Правоаголен плех намастетете го и ставете ја питата, така што прво ќе ставите 2 листа кори за пита, а потоа врз нив од филот. На секои 2 листа ставајте по 4 кутлачи  фил.
Потрошете го целиот материјал. Горните кори треба да ги попрскате со малку минерална вода и насечете како што планирате да изгледаат парчињата. Toa е потребно за да не се дига премногу питата на средина од плехот.
Печете на 200 С околу 30-35 минути во веќе загреана рерна. Нека добие убава кафена боја. 
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
500 гр кори за пита
400 грама спанаќ (замрзнат)
1 литар вода
2 лажици сол
1 &fra

Пронајдете не на следниве мрежи: