Памук кифли со џем

Направете вкусни кифли…За тестото:
2 јајца
200 мл зејтин
300 мл млеко
1 лажичка сув квасец
100 г шеќер
700 гр брашно
За фил:
Џем  од слива
За сирупот
200 гр шеќер
300 мл вода
За декорација
Кокос
Во 300 мл млако млеко ставете лажичка сув квасец и 100 гр шеќер. Да нарасне па ставете 2 јајца, 200 мл зејтин и брашно за да се замеси тесто. Тестото оставете го потоа да нарасне. Потоа поделете го тестото на пет делови. Секој дел развлечете го во круг и исечете на 8 триаголници. Не секој триаголник ставете лажичка џем и завиткајте во кифла. Така направете со сите делови на тестото. Кифлите оставете ги да стојат 15 минути па печете на 200 степени додека не се зацрвенат малку. Во меѓувреме направете го сирупот. Во сад ставете шеќер и вода и оставете да зоврие од 4-5 минути. Печените кифли топли натопете ги во сирупот па од горе додадете кокос. За тестото:
2 јајца
200 мл зејтин
300 мл млеко
1 лажичка сув квасец
100 г шеќер
70

Пронајдете не на следниве мрежи: