Панајотопулос: Не знам зошто чекале, ако ги имавме тие два часа, планинарите можеби ќе беа живи

Неколку дена по трагедијата на Кајмакчалан во која животите ги изгубија двајца млади планинари, екипа на „Нова Македонија“беше на местото на настанот во обид да прибере што повеќе информации и да ја открие вистината за тоа што се случувало за време на акцијата за пронаоѓање и обидот да се спасат младите планинари.  Тие разговарале со директорот на ски-центарот „Ворас“, Танос Панајотопулос за тоа што се случувало во саботата попладне на 10 февруари на падините на Кајмакчалан. Ова се делови од разговорот.
Во колку часот ја добивте информацијата дека планинарите се загубиле?– Во еден и пол часот напладне.
Од кого ја добивте информацијата?– За тоа нѐ извести еден господин, водичот на групата.
Колку време помина откако тие се загубиле до вашето примање на информацијата?– Два часа. Времето беше лошо. Беше најлошиот ден во годината, особено за потрага.
Што се случи по известувањето на ски-центарот?– Од 13.30 до 14 часот ги извадивме нашите луѓе со ратрaк да направиме првична потрага од половина час. Некои имаа обврски тука и во пет минути до два часот завршивме со првичната потрага. Во 14.05 ч. дојде полицијата.
Значи, во 11.30 ч. водичот на групата имал информација дека луѓето се изгубиле. Ви рекоа, во 11.30 ч.?– Така ни рекоа – дека ја загубиле врската со нив од 11.30 часот. Може да било и во 11.15 ч., ѓавол да го носи… Тоа е проблемот, дека не кажаа, два часа поминале, не ми е јасно зошто чекале два часа.
Од кога до кога се тие два часа?– Ние разбравме околу 16.30 – 17 часот попладне дека тие самите ги барале од 11.30 ч. Не ни рекоа „ги изгубивме во единаесет и пол часот“. Тие ни кажаа во 13.30 ч. дека исчезнале две лица, и дека не ги нашле. Но, тогаш не ни кажаа дека ги загубиле уште од 11.30 часот. Тоа ни го соопштија како информација околу 16.30 часот. Многу се разочаравме кога го разбравме тоа, бидејќи да го знаевме тоа тогаш (во 13.30 ч.), немаше да има потреба да бараме по цела планина, разбираш?
До кога продолживте да ги барате?– Мислам дека околу 21 – 21.30 ч. ги најдоа специјалните сили на пожарникарската служба.
Дали ги најдоа нив?– Го најдоа местото. Ги регистрираа.
Дали користевте некои други инструменти за нивна локација?– Пред сѐ, ја повикавме полицијата и ѝ ги дадовме броевите од мобилните телефони на двете деца – Александар и Калина, со сугестија да се обидат да ги искористат и да најдат сигнал со џипиес. Тоа и се случи. Тие најдоа еден сигнал од Александар.
Преку бројот 112?– Да, 112. И од службата на мобилната компанија во Флорина дека сигналот дошол од растојание од 35 км. Десно, па специјалци од полицијата презедоа мерки и ни рекоа дека можеби десната точка е 100 – 150 метри десно од црквата. Ги испративме ратраците таму и тие бараа таму преку ноќта. Беше околу 18-19 часот и чекавме да најдат каде се децата. Ги немаме сите податоци од пожарникарната служба бидејќи нивниот шеф нема обврска да ни ги каже. Ние бевме тука со нашите машини и нашите луѓе, но не ни беше кажано што се случило. Не бевме на самиот врв, за да видиме што се случило.
Кога пристигна специјалниот тим од Солун?– Околу 23 часот вечерта. Тие се вратија во 23 часот, бидејќи времето беше многу лошо.
Не ве прашувам кога дошле од врвот на планината, туку кога дојдоа од Солун?– Од Тесалоники? Околу 20.15 дојде специјалниот тим. Пожарникарната служба беше тука од 15 часот.
А кој беше тука во 14 часот?– Во 14 часот беа тука 911 (од полицијата), а во 15 часот, пристигна полицијата од Едеса и од Арниса, а пожарникарните полицајци се од Едеса и Алмопија.
Кога почна официјалната истрага?– Официјално, од страна на пожарникарната полиција во 15 ч., а од наша во 13.30 часот. Мислам дека децата починале ноќта. Така мислам бидејќи, за да се фати сигнал во 18.30 часот ноќта (од телефонот на момчето н.з.), значи дека уште бил жив, а можеби и двајцата Можам да кажам дека подоцна починале. Жалам што повторувам, но, ако ги имавме тие два часа, можеби ќе беа живи. Тие разговарале со директорот на ски-центарот „Ворас“, Танос Панајотопулос за тоа што се случувало во саботата попладне на 10 февруари

Пронајдете не на следниве мрежи: