Пандов: Заев најавува втор охридски договор

Идејата за двојазичност на целата територија од земјава, може сериозно да го доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ и држава. Ова е ставот на Граѓанското Движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) искажан на денешната трибина во Прилеп.Според аналитичарот Александар Пандов, повод за трибината е изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев за двојазичност на целата територија на Македонија.
– Иницијална каписла за трибината се последните изјави во низ на претседателот на СДСМ Зоран Заев околу тоа што сака двојазичноста да биде наметната на целата територија. Должни сме да појаснеме што значат таа двојазичност и политиките што ги води СДСМ. Нивната порака е повторно поделба на Македонија, нејзина федерализација, губење на македонскиот идентитет, или како што тие најавуваат, втор охридски договор. Ние сме против тоа и сметаме дека на најдемократски начин и преку искажување на нашите ставови, а подоцна на 11 декември со пенкало во рацете, може да се спречат сите тие политики, изјави Пандов.
Според аналитичарот Александар Пандов, повод за трибината е изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев за двојазичност на целата територија на Ма

Пронајдете не на следниве мрежи: