Panettone: Најлесниот рецепт за сладок леб без кој Италијанците не можат да го замислат Божиќ

Овој леб во оригинал потекнува од Милано, а се карактеризира со лесна и мека текстура, но богат вкус.
Без многу работи може, но не и без panettone кој што задолжително треба да се наоѓа на маса во Италија за време на Божиќ и празниците.
Станува збор за благ леб кој што традиционално го приготвуваат за Божиќ и Нова година.
Лебот традиционално потекнува од Милано, а го карактеризира лесна и мека текстура, но и богат вкус.
Состојки за филот:
– 300 грама мешано суво овошје по желба ;
– 100 грама кандирана кора од лимон или портокал;
– 6 лажици рум.


Состојки за лебот:
– 6 јајца;
– 480 грама тврдо брашно;
– 250 грама путер;
– 180 милилитри млеко;
– 50 грама шеќер;
– 30 грама бадеми;
– 1 сув квасец.
Подготовка:
1. Исецкајте го сувото овојше и кандинарите цитруси на помали парчиња, ставете ги во еден сад и прелијте ги со алкохолен или безалкохолен пијалак по желба. Добро измешајте, покријте со крпа и оставете ги на собна температура во текот на вечерта.
2. За лебот: загрејте 150 милилитри млеко и оставете да постигне млака температура. Тогаш ставете го шеќерот и сувиот квацец. Добро измешајте и оставете квасецот да се „активира“ (околу 5 минути).
3. Ставете го брашното во садот со млекото и квасецот, па мешајте со миксер додека да направите тесто.


4. Додадете ги јајцата и продолжете да мешате додека не добиете еднолично тесто.
5. Малку по малку во тестото додавате 250 грама омекнат, но ладен путер, исецкан на мали коцки. Мешајте додека не стане тестото меко.
6. Префрлете ја смесата во плех, прекријте ја со фолија и ставете ја во фрижидер во текот на вечерта.
7. Втор ден: ставете го тестото во правоаголен плех. Исцедете го овошјето, па поставете го на површината од тестото. Преклопете го тестото и направете соодветна форма со истото.
8. Оставете го лебот да отстои 2-3 часа.
10. Премачкајте го тестото со останатото млеко (околу 30 милилитри) и едно јајце.
11. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 20 минути. Потоа температурата намалете ја на 150 степени целзиусови, па печете уште 40 минути.
12. Оставете да се излади лебот, па послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.