Ураганот ,,Ирма “ , засилен на четврта категорија од максималните пет , секој момент може да удри во ФлоридаНевремето веќе почна со силен ветар и дожд , додека најголемиот удар доаѓа за неколку часа со брзина на ветрот и до 209 километри на час.
,,Сега е премногу доцна за евакуација. Доколку сте во зоната на евакуација , побрзајте во прифатилиштата .” , изјави гувернерот на Флорида , откако над 6,3 милиони или 30 проценти од населението ја напуштија зоната каде треба да помине Ирма.
Над 200 илјади домаќинства се без струја , од кои 164 илјади во Мајами . Југот на Флорида веќе е зафатен со силно невреме , но засега нема информации за повредени .
Ураганот ќе го зафати и Западниот брег и областа Тампа со околу 3 милиони жители .
Досега овој ураган однесе 25 животи на Карипските острови . Веднаш по ураганот ,,Ирма” истото подрачје ќе биде зафатено и од ураганот ,,Хoзе “ што ќе удри со јачина од четврта категорија во наредните неколку часа .
Невремето веќе почна со силен ветар и дожд , додека најголемиот удар доаѓа за неколку часа со брзина на ветрот и до 209 километри на час.
,