Паника во ЕУ: Меркел ќе ја избрка Грција?

Германската канцеларка е подготвена да ја пушти Грција да ја напушти еврозоната доколку радикалната левица ја доведе во прашање политиката на буџетското штедење во земјата, пишува денеска „Шпигел“.Германската влада смета дека е неизбежно Грција да излезе од евро зоната доколку водачот на опозицијата Алексис Ципрас (радикалната левица Сириза) ќе ја води владата после изборите, и се откаже од политичкото буџетско штедење и престане да ги отплатува долговите на земјата“, пишува весникот повикувајќи се на извори блиски на германската влада.
Ангела Меркел и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го промениле мислењето и сега сметаат дека е подносливо една зејма да излезе од групата земји со заедничка европска валута поради напредок на оствареното во еврозонта од врвов на кризата ид 2012 пишува весникот.
„Ризикот од тоа дека ќе бидат зафатени и другите земји е ограничен бидејќи се смета дека Португалија и Ирска закрепнале“, наведуваат извори и додаваат дека покрај тоа Европскиот механизам за стабилност обезбедува моќен начин за спасување на земјите а банкарската унија дава безбедност со кредитните институции.
Грчкиот парламент во средата беше распуштен, а предвремените избори се закажани за 25 јануари. Радикалната левица според анкетите е фаворит за победа.
Водачот на Сириза Алексис Ципрас сака да ја прекине политиката на штедење која ја наметнале земјите на нејзините меѓународни кредитори на ЕУ, Европската централна банка и ММФ, за да и дадат околу 240 милијарди евра помош.Германската влада смета дека е неизбежно Грција да излезе од евро зоната доколку водачот на опозицијата Алексис Ципрас (радикалната левица Сириза)

Пронајдете не на следниве мрежи: