Жителите на Солун кренаа паника откако властите утврдија дека на пазарот се продаваат токсични банани.
Трговците на пазарот во градот ги прскале бананите со забранети пестициди за побрзо да зреат, пишува грчкото списание „Епикера“.
Јавното обвинителство на Солун наредило детални проверки, а изречени им се и казни на повеќе продавачи на банани.
Ова не е прв случај на токсични овошја и зеленчуци. Трговците на големо на главниот пазар за овошје и зеленчук во Солун ги прскале продуктите со посебни пестициди кои се штетни по здравјето на луѓето, само за да зреат побрзо и да бидат продавани.Жителите на Солун кренаа паника откако властите утврдија дека на пазарот се продаваат токсични банани.