ПАНИКА ВО ВАТИКАН: Зошто побелеа фреските на Микеланџело во Систинската капела?!

Патината не можела да се види од земја, но експертизите одблизу, покажале цели сектори од фреските дека се покриени со прашкаста патина која фреските ги покрила со слој кој наликува на напукана шеќерна глазура.Фреските на најголемиот мајстор на ренесансата Микеланџело Буонароти (1475-1568), во Систинската капела во Ватикан, почнаа да побелуваат, под влијание на загадувањето на воздухот поради енормниот број посетители кои од ден во ден се повеќе доаѓаат под сводовите на најголемото ремек дело на уметноста , восхитувајќи му се.
Долгата и внимателно чувана тајна објавена  денес е дека белата  патина на Микеланџеловиот лик се собирала уште од 2010 година и дека уште тогаш започнала истрагата.
Патината не можела да се види од земја (капелата е висока 21 метар) но експертизите одблизу, покажале цели сектори од фреските дека се покриени со прашкаста патина која фреските ги покрила со слој кој наликува на напукана шеќерна глазура.
„Прашањето сега не е само естетско, туку се работи и за интегритетот на самото уметничко дело“ изјави Виторија Чимино, шефица на Одделот за конзервација музејот Ватикан, на конференцијата за јавност одржана вчера.
Додека потеклото на оштетување и понатаму останува нејасно, не шпекулира дека се работи за нанесување на калциум-карбонат и калциум- бикарбонат, за кои се верува дека потекнуваат од зголемениот процент на влага и јаглен диоксид што влегува низ порозните гипсени ѕидови.
Улдерико Сантамариа, шеф на музејската лабараторијa за реставрација, рече дека патината е лесно отстранета и дека понатамошни оштетувања не можат да бидат воочени. Но официјалните лица предупредуваат дека толкави наноси на калциум, сепак можат трајно да ги загрозат насликаните ѕидови во капелата во која покрај секојдневните самити на љубителите на уметноста од целиот свет, се одржува и конклава за избор на папа на кој во последните 500 години седиштето му беше во Ватикан.
Официјалните претставници на Ватикан неодамна, со пуштањето на нов систем за вентилација кој е дизајниран со цел да се намали влагата генерирана од страна на шест милиони посетители годишно, изјавија дека системот ќе ја спречи потенцијална штета. Но, тогаш затаиле дека штетата е веќе настаната и дека системот е всушност воведен за  таквата штета да се поништи.
Сантамариа потврди, дека студиите покажале дека патината е површинска и дека не се помешала  со оригиналните бои на Микеланџело, а со тоа самите фрески не се оштетени.
“Состојбата на фреските е добра, а штета е поправена”, истакна тој.

 
Официјални лица објавија дека големото- и контроверзно – чистење на Сикстинската капела, завршено во 1994 година, од таванот бил ослободен вековен слој на восок, нечистотија и чад, што предизвикало акумулацијата на патина.
Тие, сепак, додаде дека главен виновник за сите оштетувања е бројот на луѓе кои годишно минуваат низ капела, која е мала за толкава посета, бидејќи во изградбата таа била замислена за  приватните одаи на папата Сикст Четврти, по кој го добила и името.
Големата реставрација беше и остана контроверзна, бидејќи по неа фреските блеснале во нов сјај, и донекаде изменети бои, за кои некои велат дека не се оригиналните бои на  Микеланџело, познати по своите топли тонови, додека други се држат до ставот дека тоа се токму боите кои 500 години подоцна се појавија – вистинските бои.
Микеланџело, со почеток на илустрирација во 1508 година, по налог на папата Јулиј Втори, на таванот на капелата, експериментирал со бои исклучиво според диктатот на неговата генијалност и специјалната мешавина на никој никогаш не ја открил, така што дури и денес не се знае вистинскиот состав на величествениот состав кој зафаќа  девет сектори на таванот и соодветните агли.
Шефoт на Ватиканскиот Музеј, Антонио Паолучи ја отфрли можноста за затворање на капелата, но нагласи дека шест милиони посетители е нејзиниот лимит кој не може да биде надминат.
Ватиканските власти, во капелата вклучиле сензори за следење на нивото на влажност на воздухот,  јаглерод диоксид и прашина, како и затворен систем на ТВ камери кои го следат бројот на посетители, дозволувајќи му на прочистувачот на воздухот оптимална и синхронизирана работа. Системот, инсталиран во почетокот на деведесеттите години, беше сепак, наменет за два милиони посетители годишно, кои доаѓаат да се восхитуваат на делото на уметникот на таваноти на ѕидот зад олтарот на капелата.
Систинската капела е именувана по папата Сикст Четвртаи, чиј понтификат траел од 1471. до 1484.кој ја градел капелата. Фреските на најголемиот мајстор на ренесансата Микеланџело Буонароти (1475-1568), во Систинската капела во Ватикан, почнаа да побелуваат, под влија

Пронајдете не на следниве мрежи: