Папата Бенедикт XVI ќе поднесе оставка на 28-ми февруари, извести италијанската новинска агенција Ansa , а според агенцијата APA самиот папа тоа го објавил во Рим во понеделникот при прогласувањето за блажени на двајца италијански маченици.Ватикан објави дека одлуката на папата Бенедикт Шеснаесетти би можело да значи дека местото на папата би можело да биде испразнето до изборот на нов, односно до почетокот на ткн период на празна столица (sede vacante).Странските агенции пренесуваат дека папата рекол оти е потполно свесен за тежината на својата одлука, но дека заминува по своја волја како и дека поради неговата возраст не е во состојба веќе да ја извршува оваа служба.Не е познато зошто папата се одлучил да го отстапи местото поглавар на римокатоличката црква.Минатата година папата почна да користи бастун за олеснување на одењето, а медиумите пишуваа дека има многу потешкотии и кога треба да прочита подготвен говор.Ватикан се уште не се изјасни по одлуката на папата.Јозеф Рајцингер (85) стана папа Бенедикт XVI во април 2005 година, по смртта на папата Јован Павле Втори.Кога беше избран имаше 79 години, и беше еден од најстарите избрани поглавари на римокатоличката црква во историјата.Агенцијата APА пишува дека во историјата на католичката црква досега само еден папа отстапил од Светата столица, и тоа папата Селестин Петти кој бил избран во 1294 година. Тој се повлекол само неколку месеци откако бил избран, а негов наследник бил Бонифаз Седми кој наредил да биде затворен.
МакфаксПапата Бенедикт XVI ќе поднесе оставка на 28-ми февруари, извести италијанската новинска агенција Ansa , а според агенцијата APA самиот