Теоријата на еволуција и Големата експлозија се вистинити, а Господ не е „волшебник со магично стапче“, изјави папата Францис. Зборувајќи пред Папската академија на науки, тој се задржа на дискусијата за „псевдо теориите“ на креационизмот и интелигентниот дизајн, кои ги подржуваше и неговиот претходник Бенедикт 16-ти.
„Кога читаме за создавањето на светот паѓаме во искушение и го замислуваме Господ како волшебник со магично стапче. Но, не е така. Тој ги создал луѓето и ги развил според внатрешните закони што ги всадил во секого од нас, за да можат да се исполнат. Големата експлозија за која денес сметаме дека е основа во се што не опкружува не е во контрадикција со интервенцијата на божествениот Создател, туку таа е потребна. Еволуцијата во природата не е недоследна со креацијата бидејќи еволуцијата подразбира создавање на суштества кои ќе еволуираат“, вели Папата Францис.
Католичката црква долго време имаше репутација на антинаучна институција за што како најчест пример беше посочувана инквизицијата со која бил соочен Галилео Галилеј кога ја изнел теоријата дека Земјата се движи околу Сонцето.
Но, коментарите на папата се продолжение на прогресивната работа на папата Пиј Втори кој ја отвори вратата за еволуцијата и активно говореше во корист на теоријата за Големата експлозија. Папата Јован Павле Втори во 1996 година отиде чекор подалеку и сугерираше дека еволуцијата е повеќе од хипотеза и докажан факт.
Сепак, во блиско минато, Бенедикт 16-ти и неговите соработници веруваа во идејата дека интелигентниот дизајн ја преобразува еволуцијата – според која природната селекција е доволна да ја објасни комплексноста на светот.
Џовани Бигнами, професор и претседател на италијанскиот Институт за астрофизика, изјави: „Изјавата на папата е важна. Ние сме директни потомци на Големата експлозија, од која настанал универзумот. До еволуција се дошло со создавање“.
Џулио Џорело, професор по филозофија на миланскиот Универзитет „Дели Струди“, им изјави на новинарите дека папата „се обидува да ги намали несогласувањата или барем претпоставеното несогласување“ со науката.
Сепак, и покрај големата разлика во теолошките гледишта меѓу него и неговиот претходник, Францис му оддаде почит на Бенедикт 16-ти, претставувајќи ја неговата бронзена статус во седиштетото на акедемијата во Ватиканските градини.
„Никој не може да каже дека науката и учењето влијаеле на намалување на неговата љубов кон Господ и ближните“ – изјави тогаш Францис.Зборувајќи пред Папската академија на науки, тој се задржа на дискусијата за „псевдо теориите“ на креационизмот и интелигентниот дизајн