Со осуда на модерното ропство коишто е последица на егоизмот и алчноста, а најраширено е токму во овој XXI век, папата Франсиск во неделата го даде својот прв Велигденски благослов Urbi et Orbi на римскиот плоштад на Свети Петар. „Се молиме за мир во светот поделен од алчноста на оние коишто бараат лесна заработка“, рече поглаварот на Римокатоличката црква осудувајќи го егоизмот на трговците со луѓе и „ропството кое е најраширено во овој XXI век“. Папата Франсиск ги повика верниците на молитва за мир во сите кризни жаришта, од Блискиот и Далечниот исто до Африка, како и за против насилството поради трговијата со дроги. Повика, исто така, и на заштита на природата и зачувување на природните ресурси. „Пораката на Велигден е дека верата може да им помогне на луѓето да го преобразат својот живот така што на пустината во своето срце ќе и’ дозволата да процути“, рече Папата. Папата повика и на молитва Израел и Палестинците да ги обноват преговорите и а 2престане судирот кој веќе предолго трае“, Повика на мир во Ирак, Мали и Нигерија, посака мир да најдат и Демократска Република Конго и Средноафриканската Република. Папата Франсиск ги повика верниците на молитва за „љубената Сирија“, како и на надвладување на тензиите на од неодамна зовриениот Корејски полуостров, „да ги надмината разликите и да созрее духот на помирувањето“. Иако беше најавено дека папата Франсиск ќе им посака среќен Велигден на верниците, коишто според процените ги имал 200 илјади на плоштадот на Свети Петар, тој се повлече по дадениот благослов.
МакфаксСо осуда на модерното ропство коишто е последица на егоизмот и алчноста, а најраширено е токму во овој XXI век, папата