Паралела- Утрешните противници од 2008 до 2014 година

Кил е Кил, но Металург сега е многу посиленКил и во 2008 година и сега е ракометен гигант. И нивниот и нашиот состав низ годините претрпуваа трансформации. Од тогашниот Кил се останати четворица ракометари, Филип Јиха, Кристијан Заиц, Доменик Клајн и голманот Андреас Палишка, кој не настапуваше тогаш поради повреда. Кај нас, освен јас, во екипата беа Филип Миркуловски и Гоце Георгиевски, но тој тогаш беше млад и не беше во составот, се присети капитенот Ванчо Димовски пред денешниот нов дуел со германскиот тим, но сега во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Во тогашниот состав на Металург беа сегашните тренери, голманот Данило Брестовац (тренер на голманите на Металург и на кадетско-младинската екипа), десното крило Александар Јовиќ (тренер на Металург јуниор и селектор на кадетската репрезентација) и маркетинг-директорот на Металург, пикерот Горан Ѓоргоноски.
– Тешко е да се прави паралела со 2008-та. Металург тогаш ја играше втората сезона во Лигата на шампионите. Против тој Кил одигравме коректни натпревари, но, се разбира, далеку од ова што се очекува денес. Тоа беа натпревари од групната фаза, бевме комплетни аутсајдери во групата, а сега се два нокаут-натпревари што водат на фајнал-форот. Во тоа време потсвесно на терен излегувавме да загубиме со што помала разлика, а денес размисливме да им го „земеме скалпот“. Лани четврт-финалето го завршивме со два пораза, од Киелце, но сега, иако Кил е фаворит, посакуваме барем една победа – рече Димовски.

 

Според мислењето на ракометарите на Металург, Кил во 2008 година бил многу посилен и поквалитетен од денешниот состав.
– Kил беше многу подобра екипа во тоа време. Ги имаа Тиери Омејер, Вид Кавтичник, Стефан Левгрен, Никола Карабатиќ, Маркус Алм, Ким Андерсон… Ние бевме неискусна екипа за таков тип натпревари. Тоа беше играње по групи, ова е нокаут-фаза и влогот е голем. Кил и тогаш и сега е доминантна фигура во европскиот ракомет, но ние како екипа во последниве три години собравме непроценливо искуство, кое од натпревар во натпревар ни помага да се справуваме со поголеми и посилни од нас. Kил е синоним за европски ракомет, а Металург е балкански ракометен великан – рече бекот на Металург, Филип Миркуловски.
Десното крило Гоце Георгиевски, во тоа време 21-годишен, беше дел од екипата, но не и од тимот што одигра со Кил.
– Во многу нешта се разликува денешниот натпревар со тој во 2008-та, барем за мене лично. Бев дел од екипата, но не учествував директно, иако сонував да заиграм против големиот Кил. Сонот ми стана реалност по шест години. Кил отсекогаш бил синоним за врвен ракомет, но Металург од сезона во сезона се повеќе станува конкурентен тим во Европа – изјави Георгиевски.
За Металург на 13 ноември 2008 година, пред 6.000 гледачи, во салата „Борис Трајковски“, против Кил не играше Димовски (играше во првиот меч, на гости), а настапија голманите Брестовац и Ристовски, како и играчите Маљцев 6, Шмигиќ 6, Лазаров 3, Ѓоргоноски 2, Јовиќ 2, Миркуловски 2, Чантурија 1, Станојевиќ 1, С. Стоилов 1, Живковиќ 1, Недановски, М. Стоилов. Тренер беше Звонко Шундовски.
За Кил во Скопје бранеше Омејер, а играа и Кавтичник 9, Алм 5, Лундстром 5, Андерсон 4, Аниќ 4, Јиха 2, Заиц 1, Клајн, Левгрен и Весиг.

 

 
 Полесно е на теренот отколку надвор од него 
Тогашните играчи, а сега членови на логистиката на клубот, Данило Брестовац, Александар Јовиќ и Горан Ѓоргоноски, имаат многу поинаков агол на гледање од позицијата играч и од позицијата тренер или организатор на натпревар.
– Да ми кажуваше некој дека е потешко да бидеш околу теренот отколку во него, немаше да му верувам. Кога бев играч мислев само на мојот дел од играта и задачите во неа, а сега имам многу поголема одговорност. Учествувам во организација на настан од највисоко ниво, каде што треба да се организира беспрекорен прием на 7.000 луѓе што по завршениот натпревар треба да си заминат задоволни и со нетрпение да го очекуваат следниот натпревар. Во секој случај, во 2008 година имав многу полесна задача – вели Ѓоргоновски.
На неговата констатација се надоврзаа и тренерите.
– Целосно се согласувам со Ѓоргоновски. Тогаш бев играч и мислев само на мојот дел од играта. Чекав совет или критика од тренерот за одиграното. Од тренерите добивавме задачи со каква одбрана ќе играме, каков напад и кои акции ќе ги примениме во играта. Мое како играч беше да слушам и да реализирам. Но сега… Сега јас морам да го анализирам противникот, јас треба да одредам одбранбена и напаѓачка тактика и наедно да им поделам поединечни совети на играчите за одредени ситуации. Позицијата играч е многу полесна од позицијата тренер – забележа Јовиќ.

извор:РКМеталургКил и во 2008 година и сега е ракометен гигант. И нивниот и нашиот состав низ годините претрпуваа трансформации. Од тогашниот Кил се останати четво

Пронајдете не на следниве мрежи: