Пари навреме веќе и во Македонија

Од денес ФД Кредисимо почнува да ги нуди своите иновативни производи во целата државаКомпанијата за онлајн кредитирање Кредисимо стана најновото финансиско друштво на македонскиот пазар откакона крајот на јуни годинава ја доби лиценцата од Министерството за Финансии.
Со повеќе од 9 години искуство и над 2,000,000 корисници Кредисимо е една од најбрзорастечките финансиски компании во Балканскиот регион, нудејќи им на корисниците микро кредити познати уште како “брзи кредити” или “кредит до плата”.
Во последните години овој тип на кредитирање се претвори во пристапна алтернатива на банките. Повеќето клиенти ги користат предностите на брзите кредити, за да ги балансираат семејните буџети, за мали подобрувања по дома, вклучувајќи закуп на мебел и опрема, за покривање на трошоци за здравство и образование, а исто така и за трошоци поврзани со одмор и релаксација. Во најголем дел клиентите се на возраст од 25 до 60 години.
Кредисимо планира да нуди како краткорочни, така и долгорочни кредитни услуги согласно потребите на клиентите, кои ќе ја имаат можноста сами да ги моделираат и определуваат месечните рати и рокот на договорот според своите сопствени можности.
“Нашите услуги се создадени така што секој да има полна контрола врз парите кои ги зема, секогаш кога се среќава со непредвидени трошоци. Високиот квалитет на работата и опслужувањето на клиентите се одлики со кои credissimo се разликува од останатите компании. Ние почитуваме Етички кодекс на трговска политика и даваме јасни и транспарентни правила при кредитирање. Посветени сме на најдобрите практики при работа со клиенти, како при краткорочните, така и при долгорочните брзи кредити” – сподели Директорот на компанијата Сокол Јанков.
Освен финансиска, Кредисимо е и високотехнолошка компанија. Друштвото има разработено сопствена иновативна платформа за целосно управување со процесите при обработување на барање за кредит во реално време, кое дозволува при придржување до одредени услови еден кредит да биде разгледан, одобрен и исплатен на клиентот за помалку од 20 минути.
“Континуираната разработка и воведување на иновативни технологии, заедно со напорите за зголемување на задоволството на нашите клиенти, се основата на нашата компанија, овозможувајќи ни флексибилност и брза адаптација на постојаното менување на финансиската средина, како и потребите на корисниците” додаде г-дин Јанков.
“Се стремиме да понудиме удобно, лесно и транспарентно решение на нашите клиенти кога тие имаат најголема потреба од брза финансиска поддршка” – споделија уште од компанијата.
Кредисимо ги придобива корисниците давајќи им го нив последниот, одлучен збор при земање на кредит. На веб страницата на Кредисимо, откако кандидатите ќе ја пополнат апликацијата за кредит, веднаш ќе ги добијат на својата електронска пошта Договорот за кредит како и Општите услови кон него, за да можат однапред и спокојно да се запознаат со нив. Така тие имаат можност да се посоветуваат со свои блиски, да размислуваат и да симулираат различни можности. Корисниците имаат целосна слобода да одлучуваат дали да го потпишат или не Договорот за кредит. Тие можат да се откажат од неговото склучување без од тоа да произлезат некакви последици за нив.
Повеќе информации во врска со услугите кои ќе ги нуди Кредисимо во Македонија може да видите на следниот линк: https://credissimo.mkКомпанијата за онлајн кредитирање Кредисимо стана најновото финансиско друштво на македонскиот пазар откакона крајот на јуни годинава ја доби л

Пронајдете не на следниве мрежи: