Советот на Град Скопје одобри парична помош за настраданите од поплавите во Република Србија и Република Босна и Херцеговина, како и за настраданите во рударската несреќа во Маниса, Република Турција. Градот Скопје, како Град на солидарноста, одвои 3 милиони денари парична помош – еден милион за Република Србија, еден милион за Босна и Херцеговина и еден милион за Маниса, Република Турција.
Претходно за време на поплавите, Градот Скопје во координација со надлежните власти во Србија и БиХ испрати конкретна помош за полесно справување со последиците од поплавите и тоа:
– Едно противпожарно возило опремено со две моќни пумпи за испумпување вода и дополнителна опрема, чамец за спасување и екипа од шест пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, кои се вклучија во извлекувањето на настраданите, како и шлепер со флаширана вода за пиење и 50.000 вреќи за песок во Република Србија;
– Две противпожарни возила од кои едното опремено со моќни пумпи за испумпување на вода, и екипа од шест пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје кои се вклучија во извлекување на настраданите во Босна и Херцеговина.Градот Скопје, како Град на солидарноста, одвои 3 милиони денари парична помош – еден милион за Република Србија, еден милион за Босна и Херцеговин