Парламентот и неделава нема да расправа за Законот за јазиците

Loading...

Од Собранието на Република Македонија нема информација кога и дали ќе расправа за 35.569 амандмани за Законот за употреба на јазиците, во трето читање, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик. Законот беше донесен на 11 февруари, но една недела подоцна претседателот стави вето и го врати во Парламентот со низа укажувања, кои беа причина за доставување на рекорден број амандмани од страна на опозицијата.Од кабинетот на претседателот на Парламентот Талат Џафери информираат дека амандманите се предведени и оти тие сега технички се средуваат и се групираат, но оти се уште не се знае кога ќе се расправа за нив. Аманданите се на дневен ред на 32. седница како осма точка, но таа беше прескокната со образложение дека не се создадени технички услови за да се расправа за нив. На оваа седница на дневен ред се и измените на законите со кои се намалуваат патните трошоци на пратениците и на другите избрани и именувани лица, законот за минерални суровини, по скратена постапка, како и други финансиски планови, одлуки и извештаи.
Претседателот на Парламентот Талат Џафери претпладнето одржа редовен координативен состанок со претставниците на пратеничките групи, но од оваа средба официјално е дека договорените активности за неделава ќе бидат објавени на веб-страната на законодавниот дом. Засега нема закажано нови пленарни седници, ниту продолжение на некоја од веќе започнатите седници.
Едно од образложенијата за тоа што нема пленарки неделава е и тоа дека голем број пратеници се на службени патувања во странство или на семинари.
Засега неделава се закажани само утрешните средби на политичкиот директор задолжен за Рос-Рот семинарот во Скопје Хенрик Блидал со спикерот Џафери и со пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО и членовите, како и со претставници на собраниската служба, како и седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија закажани за четврток.
Нема информација ниту дали иницијативата на пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ за пополнување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) ќе биде ставена на првата наредна седница.
 Од кабинетот на претседателот на Парламентот Талат Џафери информираат дека амандманите се предведени и оти тие сега технички се средуваат и се груп

loading...
Loading...