ПАТЕКА НА ЗЛОСТОРСТВОТО: Вака изгледаше голготата на Тијана!

Телото на петнаесетгодишната Тијана Јуриќ беше пронајдено на 7 август, по тринаесетдневна потрага. Дента пред тоа, полицијата го приведе осомничениот Драган Јуриќ кој го признал убиството.ДЕН 1 (26 јули) – Жителите на Бајмоч ја бараат Тијана по улиците, нивите. Во потрагата се вклучува и полицијата, хеликоптер го надлетува атарот и доведени се кучиња трагачи.
ДЕН 2 (27 јули) – Таткото на Тијана пристигнува од Белгија. Полицијата ги испитува сите кои на некој начин се вмешани во истрагата.
ДЕН 3 (28 јули) – Освен белата старка и вештачкиот нокт, не е пронајдена друга трага. Сигналот на телефонот на Тијана е лоциран два километри од Унгарија.
ДЕН 4 (29 јули) – Во истрагата се вклучуваат унгарската полиција и Интерпол.
ДЕН 5 (30 јули) – Се појавуваат индиции дека Тијана е видена во Унгарија.
ДЕН 6 (31 јули) – Малолетник од Зрењанин отвора лажна страница на Фејсбук, претставувајќи се како киднапер, барајќи милион динари за откуп. Набрзо е откриено дека станува збор за невкусна шега.
ДЕН 7 (1 август) – Семејството не добива никакви корисни информации за своето дете.

ДЕН 8 (2 август) – На Интернет кружат фотографии од Тијана и разни апели за помош.
ДЕН 9 (3 август) – Блиските на Тијана пишуваат писмо до државниот врв на Србија во кое се моли да ја најдат.
ДЕН 10 (4 август) – И понатаму не се знае каде е девојчето и што му се случило.
ДЕН 11 (5 август) – Во потрагата се вклучува и меѓународен сајт кој е посветен на исчезнатите деца од Европа. Празни се улиците во Бајмок.
ДЕН 12 (6 август) – Полицијата околу пладне го приведува осомничениот за грабнувањето на Тијана, кој признава дека го убил девојчето.
ДЕН 13 (7 август) – Околу полноќ почнува откопувањето на девојчето на депонија која се наоѓа помеѓу селата Светозар Милетиќ и Чонопља.
Патеката на злосторството ќе можете поубаво да ја погледнете ТУКАДЕН 1 (26 јули) – Жителите на Бајмоч ја бараат Тијана по улиците, нивите. Во потрагата се вклучува и полицијата, хеликоптер

Пронајдете не на следниве мрежи: