ПАТНИК НИЗ ВРЕМЕТО: Поранешен американски војник тврди дека бил во 2137 и 2749 година!

Поранешниот американски војник Ал Билек кој тврди дека бил учесник во прочуениот филаделфиски експеримент, раскажува за своите патувања низ времето.Пред да се врати во сегашноста, тој поминал шест недели во 2137 година и уште две години – во 2749 година. Како што тврди Билек, човештвото го очекуваат радикални промени во сите сфери – од нови медицински технологии до општото геополитичко уредување.
Патувањето низ времето не поминало беспрекорно за Билек – во 2137 година, тој се нашол во болница каде што се лекувал од големо радиоактивно зрачење.
Терапијата била успешна – биле користени нови вибрациски и светлосни технологии. За сè што се случило на планетата за изминативе 100 години, Билек дознал од вестите и образовните емисии кои ги гледал додека бил на лекување.
Измените во светскиот поредок биле спроведени во првите години на XXI век, во периодот до 2025 година, тврди Билек. Причините за овие измени се глобалното затоплување и контактот со вонземјаните.
Според поранешниот војник, во 2137 година нивото на океаните значително ќе се зголеми, што ќе ги промени контурите на континентите и ќе доведе до намалување на населението на Земјата (до 300 милиони луѓе) и мешање на народите. Инфраструктура на САД ќе се сруши и во светот ќе се воспостави воено уредување.

 
Контактот со вонземјаните ќе им претходи на овие настани, како и војната помеѓу САД и Европа, од една страна, и Русија и Кина од друга страна.
Според Билек, американската влада соработувала со вонземјаните во периодот помеѓу 1954 и 2000 година – токму вонземјанците им помогнале на Американците да воспостават нов светски поредок и да постигнат успеси во областа на технологијата и инженерството.
Сите достигнувања на американската цивилизација ќе бидат уништени по војната, за која Билек не знае кога точно ќе започне.
Потоа, поранешниот војник отишол во 2749 година – тогаш светскиот хаос ќе исчезне и луѓето ќе живеат во изобилство и во услови на социјализам, во чистото разбирање на тој збор.
Секој човек, тврди Билек, ќе има сè што му е потребно за живот. Страните нема да имаат потреба од влади, целиот светски поредок ќе се следи од точен и независен компјутерски систем. Меѓу постигнувањата на иднината се вбројуваат и огромни летања на градовите низ океаните.
Обожавателите на Филаделфискиот експеримент, тврдат дека во 1943 година американскиот „Елдриџ“ со екипажот од 181 лица за миг преминал простор од неколку десетици километри. Многумина веруваат дека експериментот бил организиран од морнарицата на САД за проучување на можноста за телепортирање со помош на моќни електромагнетни полиња.
Овој експеримент предизвика поделени мислења во јавноста, меѓу кои се и оние дека експериметот е чиста измислица.
Пред да се врати во сегашноста, тој поминал шест недели во 2137 година и уште две години – во 2749 година. Како што тврди Билек, човештвото го очек

Пронајдете не на следниве мрежи: