Патник од изчезнатиот авион контактирал со семејството, Властите на Малезија сега се обидуваат со помош на телефонскиот сигнал од разговорот на кинескиот патник со семејството да го лоцираат леталото.Според кинеската државна телевизија,семејството се јавило на мобилниот телефон на патникот и остварило контакт со него, по што се прекинала врската.
Авионот исчезна вчера со 227 патници, претежно Кинези, и 12 членови на екипажот. Спасителите не успеале да откријат никакви остатоци од авион во регионот во Јужното Кинеско Море.
– Таму претходно беше јавено дека се појавиле дамки од масло и се претпоставуваше дека ова е местото на несреќата на леталото „Боинг 777-200“ на „Малезија ерлајнс“, изјави министерот за транспорт Малезија Хишамудин Хусеин.
Властите донесоа одлука да го прошират регионот на пребарување на остатоците на исчезнатиот авион кај западниот брег на Малезија, откако првично се бараше во водите крај источниот брег на Малезија во Јужното Кинеско Море.
Последните анализи на податоците од радар, пак, покажуваат дека исчезнатиот малезиски авион „Боинг 777“ можно е да свртел и тргнал да се враќа назад
Извор: РепубликаСпоред кинеската државна телевизија,семејството се јавило на мобилниот телефон на патникот и остварило контакт со него, по што се прекинала врската