Педофил од Скопје преку лажен Фејсбук профил убедувал девојче да се слика гола

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.Ц.(18) од Скопје, поради основи на сомнение дека во временскиот период јули-август 2016 година користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, на 12-годишно девојче од Скопје во повеќе наврати и прикажал фотографии со порнографска содржина.За кривичното дело „прикажување порнографски материјал на дете“, предвидено и казниво по член 193, од страна на Судија на претходна постапка на сега пријавениот му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен Суд.
Имено, И.Ц. на социјалната мрежа „Фејсбук“ креирал профил со лажни податоци и лажно име и на 28/07/2016 година испратил понуда за пријателство на 12-годишно девојче од Скопје, кое ја прифатило понудата и започнало електронска комуникација со пријавениот.  Во комуникацијата И.Ц.  и кажал дека има 16 години и дека учи во гимназија и дека профилот од кој и го испратил барањето за пријателство, ќе го исклучи, а ќе и прати барање за пријателство од нов профил, кој исто така бил со лажни податоци. Откако, девојчето го прифатила пријатеството испратено од новиот профил на пријавениот, истиот и пуштил фотографија со порнографска содржина и побарал од девојчето да му пушти слика на која ќе биде сликана гола. По ова девојчето ја прекинало комуникацијата со И.Ц., при што истиот во уште два наврати и пуштил фотографии со порнографска содржина, за што девојчето му кажало на својот татко, кој случајот го пријавил во Единицата за економски и компјутерски криминал.
По пријавувањето на кривично правниот настан Единицата за економски и компјутерски криминал, превзеде опсежни оперативно тактички мерки за утврдување на идентитет на лицето со Фејсбук-профили, при што е утврден пријавениот и истиот е лишен од слобода, а од домот му е одземен  еден пренослив компјутер, еден десктоп компјутер и друга ИТ опрема кои се предадени на вештачење. Во извршениот разговор со И.Ц., тој изјавил дека одземената опрема од неговиот дом е користена само од него и ја потврдил елктронската комуникација со 12-годишното девојче, во која прикажувал материјали со порнографска содржина.За кривичното дело „прикажување порнографски материјал на дете“, предвидено и казниво по член 193, од страна на Судија на претходна пос

Пронајдете не на следниве мрежи: