Најдобар бизнис сајт и најдобар веб сајт за храна и здравје се номинациите каде се натпреварува нашиот најголем производител во сувомесната индустрија и лидер во дистрибутивно – логистичката дејност.Гласањето трае до 5 Декември оваа година, а интернет посетителите можат да гласаат на веб страната www.sajtnagodinata.mk Секој може да распредели по 3 гласа во секоја категорија.
Пекабеско се натпреварува во две категории: Најдобар бизнис/корпоративен сајт и најдобар веб сајт за храна и здравје.
Како што информираат организаторите на манифестацијата, изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.
Mанифестацијата “Сајт на Годината” е во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk, а се одржува по јубилеен петти пат оваа година. Победниците во сите категории ќе бидат прогласени на 11 Декември годинава.Гласањето трае до 5 Декември оваа година, а интернет посетителите можат да гласаат на веб страната