Македонската компанија „Пелистерка” се приклучи кон повиците за испраќање помош и поддршка во загрозените региони во источна Македонија, каде што изминативе денови има големо невреме и поплавиИмајќи предвид дека во вакви ситуации свежата вода за пиење е еден од најголемите недостатоци, производителот и дистрибутер испрати повеќе од 10 тони вода во загрозените подрачја. Станува збор за над 7.000 шишиња.
– Во соработка со Црвениот крст, „Пелистерка” дистрибуира флаширана вода за пиење до населението во загрозените региони. Водата е дистрибуирана до центрите на Црвен крст во Скопје, Штип, Кочани и Битола. Ситуацијата во источна Македонија ја следиме со огромна загриженост. Без размислување и резерви решивме да го испратиме овој конвој со свежа вода за пиење која, се надеваме, барем малку ќе им ја олесни состојбата и ќе им помогне на оние на кои што им е најпотребно – велат од „Пелистерка”.Имајќи предвид дека во вакви ситуации свежата вода за пиење е еден од најголемите недостатоци, производителот и дистрибутер испрати повеќе од 10 то