„Ако дочекам Никола Груевски да ми даде поддршка, во истиот момент се откажувам од претседателската трка“ – вака кандидатот за претседател на Македонија од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски му одговори на шефот на Владата Никола Груевски после неговата изјава дека ВМРО ДПМНЕ никогаш не би застанала како партија зад Пендаровски во претседателската трка.Со овој одлучен потег Пендаровски си ја олесни работата на престојните претседателски избори за шеф на државата, функција која подразбира претседателствување кое нема да разликува граѓани според политичките и верските убедувања. Тој со овој потег си ги намали обврските да биде претседател на сите граѓани, одбирајќи да им шефува само на оние кои ќе гласаат за него.
Пендаровски би се откажал од претседателската трка ако ВМРО ДПМНЕ го поддржи? О, овој избор дали треба да се одржи? Зошто бе, што сме ние, на улица ли сме најдени? Зар ако нас не нема, луѓето на Стево ќе се офајдени?“, на прес конференција емотивно праша Валентина Божиновска, најпоетичниот гласноговорник од владеачката партија и додаде: „О Стево, зошто си Стево, чиј ли си ти та не сме ти ние твои? Зар ако победиш ние ќе се делиме, во која црна дупка ќе не’ тераш да се преселиме?“, после што присутните новинари побараа кратка пауза за да се освежат од емотивната дестабилизација поттикната од длабоките промисли на Божиновска.
Аналитичарите изјавата на Пендаровски ја толкуваат како негов обид сепак да извлече нешто од претседателската трка пред очигледниот пораз од Иванов, позиционирајќи се како главен кандидат за претседател на разочараните од изборите, фановите на опцијата која се грижи за еластичноста на кичмата на македонскиот народ.
На синоќешниот митинг во Битола, премиерот на Македонија за малку ќе ја прекинеше кампањата на СДСМ и ќе го исфрлеше Пендаровски од игра, изјавувајќи: „И би сакал да кажам дека ВМРО ДПМНЕ на овие претседателски избори го поддржува пееен…калото како основен медиум за запишување на вашата цврста волја заокружувајќи го бројот 1 на овие претседателски избори“, после што се слушна силно воздивнување и по некое шеретско смеење во публиката на митингот, а неофицијално во штабот на СДСМ после овој момент биле нарачани 2 пакети шеќер и негазирана вода, а за денес се очекува цел камион со торти и еклери, пред наредните митинзи на ВМРО ДПМНЕ на кои во секој момент може да биде ставен крај на кампањата на Пендаровски и неговата желба да биде претседател само на оние луѓе кои ќе се сложат со неговиот личен став дека е најдобриот кандидат во моментот.
Што за ова мислат повеќе од 440.000 гласачи на ВМРО ДПМНЕ ќе видиме многу наскоро.
Кромиди Запад
Преземено од Република
Со овој одлучен потег Пендаровски си ја олесни работата на престојните претседателски избори за шеф на државата, функција која подразбира претседат