Пензионерите од Прилеп, Кривогаштани и Долнени слават 70 години од постоењето на Пензионерската организација на Македонија

Пензионерите на општините: Прилеп, Кривогаштани и Долнени со пригодна свеченост го одбележаа големиот јубилеј 70 години од постоењето на Пензионерската организација на Макеоднија. Во присуство на голем број пензионери, граѓани и гости, пригодно обраќање имаше претседателот на здружението Кире Ѓорѓиоски.Во своето излагање тој ги истакна најзначајните успеси на здружението постигнати во своето постоење, особено во изминатите 15 години. Ѓорѓиоски посебно се осврна на активностите на културен и спортски план, соработката со други здруженија од републикава и соседните држави, потоа ги пофали успесите и грижата за подобар животен стандард на пензионерите.
Ѓорѓиоски рече дека стандардот на пензионерите го реализираат со снабдување на огревно дрво и други прехранбени производи со одложено плаќање и други погодности во област на здравствената заштита, излетите, посета на рекреативните бански центри и итн.
Градоначалникот Марјан Ристески кој беше присутен на прославата, ги поздрави присутните и им посака здравје и среќа, нагласувајќи дека општина Прилеп има голем респект кон прилепските здруженија кои имаат активни претставници во органите и телата и секогаш ги подржуваат новите идеи и иницијативи.
Градоначалникот Марјан Ристески, доби Благодарница од страна на Здружението на пензионери.Во своето излагање тој ги истакна најзначајните успеси на здружението постигнати во своето постоење, особено во изминатите 15 години. Ѓорѓиоски пос

Пронајдете не на следниве мрежи: