Фросина Ременски после повеќе од четири месеци на позицијата технички назначен министер за труд и социјална политика конечно откри дека во Република Македонија постојат и пензионери, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Пензионерите се уште една категорија граѓани за кои СДСМ дозна благодарение на работата на ВМРО-ДПМНЕ и мерките и реформите кои се преземани за подобрување на квалитетот на живот на овие групи граѓани.
Техничкиот министер Ременски дозна за пензионерите кога ги посети додека ги користат придобивките од проектот Бањско-климатска рекреација, проект на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Денешната изјава на Ременски е очаен обид за прикривање на бркањето на 44 Роми од Прифатниот центар Гевгелија.
СДСМ не знаеше дека постојат пензионери и кога беше на власт. Тотално ги заборави овие граѓани и нивните потреби, освен кога требаше да им ги намали пензиите за 8%. СДСМ ги делеше пензионерите во 3 категории и им доцнеше со исплаќањето на пензиите.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ од септември 2008 година започна со исплата на пензиите секоја прва седмица од месецот истовремено за сите корисници на пензија. Просечната пензија е зголемена за 70,29 % од 7.683 денари во 2006 година на 13.083 денари во 2015 година.
Врв на лицемерие што СДСМ и Ременски се дрзнаа да им се обраќаат на пензионерите. И на првото гледање со оваа категорија граѓани, Ременски бесрамно ги лажеше во очи. Ова е невидено лицемерие и хипокризија кога претставник на партија која ги уназади потполно пензионерите сега промовира проекти на ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај проектот за бањско-климатска рекреација кој досега го искористија повеќе од 32.000 лица, еве уште дел од низата проекти наменети за оваа категорија на граѓани кои ги презеде и спроведува владата на ВМРО-ДПМНЕ:
-Во 2015 започнав со реализација проектот Бесплатен туристички викенд и истиот продолжува годинава
-Обезбеден е бесплатен превоз за пензионерите во јавниот соообраќај во вторник, петок, сабота и во недела.
-Воведен е бесплатен викенд (петок, сабота и недела) еднаш во месецот за превоз на старите лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија кои имаат право на бесплатен превоз во повратен правец во определен викенд во месецот. Досега оваа мерка ја имаат искористено над 40.000 лица
-Во 2015 година формиран е совет за социјална сигурност во кој членуваат претставници од Сојуз на здруженијата на пензионерите, невладини организации, експерти и државни институции чиј главен домен е грижа за пензионерите и старите лица
-Континуирано се отвораат дневни центри за стари лица
-Спроведена е реконструкција на пензионерските домови во Ѓорче Петров, Чаир, Аеродром, Гази Баба и Куманово за подобрување на условите за живеење и престој на пензионерите
-Донесен е пакет поволности за израдба на приватни домови за стари лица
-Овозможено е бесплатно болничко лекување на корисници на пензија со износ на пензија до 12.600 денари, при што пензионерите се ослободени од плаќање на партиципација во случај на хоспитализација и плаќање на здравствени услуги
Лицемерието на Фросина Ременски и СДСМ ќе се зголемува со секој нов ден како што наближуваат изборите. До изборите Ременски и СДСМ имаат доволно време да дознаат не само за бањско-климатската рекреација, туку и за сите други мерки кои ги користат пензионерите.
На овој начин Ременски и раководството на СДСМ може да се подготвуваат за нивната политичка пензија. Таа доаѓа на петти јуни.Пензионерите се уште една категорија граѓани за кои СДСМ дозна благодарение на работата на ВМРО-ДПМНЕ и мерките и реформите кои се преземани за под