ПЕРО АНТИЌ, ЗА АКТУЕЛНИОТ МОМЕНТ ВО МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА

МЗТ Скопје ги има сите бенефиции како да ја освоил титулата, иако првенството не е ни 50% одиграно, ни според натпреварите, ни според периодот на играње. Не се поминати седум, туку речиси четири месеци и 17 кола. Прво сакаа да се добие шампион надвор од терен, па кога не добија поддршка, предложија да се доигра остатокот од сезоната. Тоа не е возможно бидејќи странските кошаркари не се во земјава и не постојат услови да се вратат. Побараа да се воведе дополнителен преоден рок, но тоа не беше возможно, токму бидејќи сите сме еднакви и не може правилата да се менуваат на кого како ќе му текне.

Купот не се одигра, за да и се даде приоритет на репрезентацијата. Тогаш не претпоставувавме дека ќе излезе овој сериозне проблем со пандемихата на корона вирусот. Но му излеговме во пресрет и на МЗТ Скопје кој во тој период имаше важни натпревари во АБА 2. Дури дозволивме тренери од МЗТ да не отпатуваат со националниот тим во Перм на дуелот со Русија, за да се подготват за дуелите во АБА 2.

Но, тоа е начинот на кој треба да се работи, да си помагаме едни на други за да излеземе посилни, а од тоа ќе има корист македонската кошарка. Ние така во 2011 година го освоивме четвртото место на Европското првенство во Литванија. Немавме голем буџет, немавме ѕвезди, но функциониравме како еден-тимски“.

Како Антиќ гледа на притисокот од страна на клубот од Аеродром кој е еден од нашите најтрофејни?

„Жал ми е што луѓето од МЗТ Скопје Аеродром така се однесуваа(т) кон нас. Почнаа војна, не дојдоа ни на разговор. Од нас немаше ниеден одговор, односно било каква провокација кон клубот. Дури и тогаш кога за мене зборуваа дека не постојам, и дека не сакаат никаква комуникација со федерацијата. Сите што сме инволвирани, треба да знаеме дека кошарката не почнала од нас и дека таа ќе се игра и откако ќе си заминеме од функциите. Единствено што сакам, уште еднаш да нагласам, дека треба да работиме за општото добро, за доброто на македонската кошарка, за сите да имаме бенефит“ – потенцира Антиќ.

За Втората лига рековте дека постои опција да се доиграат натпреварите по скратен систем како би се одлучиле најдобрите. Што се случува во тој поглед?

„Планот беше до крајот на јуни да се доигра Втората лига во изменет формат кој требаше да го дефинираме заедно со претставниците на клубовите и претседателот на Здружението. За жал, последните денови е драстично влошена состојбата со корона вирусот во земјава поради што сметам дека ќе биде многу тешко да се добие епилог на теренот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.