Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, ја поздрави доброволната одлука на менаџментот на комбинатот „Југохром“, привремено да го запре производството и да даде свој допринос за подобрување на квалитетот на воздухот.-По неколкудневните разговори со менаџерскиот тим на Југохром Фероалојс, добро е што компанијата самостојно донесе одлука привремено да го запре производството и да даде свој допринос за подобрување на квалитетот на воздухот во Тетово и Полошката котлина, напиша Пешевски на својата Фејсбук страна.
Комбинатот од Јегуновце донесе доброволна одлука од Нова година до крајот на февруари да згасне две печки.
-Со овој чин Југохром Фероалојс покажува дека има општествена одговорност, дека сочуствува со граѓаните на Тетово и сака да покаже и докаже дека еколошките проблеми се решаваат не само со добрата воља на едната страна, туку напротив треба и општината Тетово да преземе свои мерки во однос на решавање на загадувањето на воздухот“, вели Васко Скендеровски, генерален директор на „Југохром Фероалојс“- Јегуновце во стечај.
Печките ќе се изгаснат утрото на 31- декември за да имаат Тетовци чист воздух за Новата година. Но, Скендеровски е убеден дека нема драстично да се подобри квалитетот на воздухот во Тетово и околината.
Повторното ставање на печките во функција е најавено за крајот на февруари.-По неколкудневните разговори со менаџерскиот тим на Југохром Фероалојс, добро е што компанијата самостојно донесе одлука привремено да го запре пр