Пешевски ја прими „Наградата за најдобра Влада во Југоисточна Европа за поддршка на претприемништвото“

За време на Гала вечерата која се одржа вчера вечер во хотелот „Гранд Тарабја“, во рамките на „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели“ (WBAF), вицепремиерот Владимир Пешевски, во име на Владата на Република Македонија ја прими „Наградата за најдобра Влада во Југоисточна Европа за поддршка на претприемништвото“.Наградата беше врачена од страна на Џонатан Ортманс, копретседателот на Глобалната мрежа на бизнис ангели (GBAN) и Бајбарс Алтунташ, заменик претседател на Европската трговска асоцијација за пазарни инвестиции на компании во рана фаза на развој и бизнис ангели (EBAN) и претседател на Асоцијацијата на бизнис ангели во Турција (TBAA), кои се и организатори на овој Форум.
Во најавата на наградата, од страна на организаторите беше истакното дека Владата на Република Македонија го препозна значењето на малите и средни претпријатија за намалување на невработеноста и обезбедување на повисок и стабилен економски раст.
Во најавата беше потенцирано и дека во изминативе години економијата на Република Македонија бележи забележителен прогрес, што се отсликува и во извештаите на реномирани светски економски институции. Според извештајот на Дуинг бизнис на Светска Банка, Република Македонија бележи напредок од дури 82 позиции од 2007 година и е рангирана на 12-то место во светот и 6-то во Европа, а е втора најдобра земја во светот за започнување на бизнис. Според Глобалниот извештај за конкурентност на Светскиот економски форум, во последните 9 години Македонија бележи напредок од дури 34 позиции.
Вицепремиерот Пешевски истакна дека ова признание е дополнителен поттик на Владата да работи уште понапорно и да продолжи да ги имплементира добрите економски политики со цел да ги подобри условите за водење на бизнис на компаниите.
Тој додаде дека изминатите години Владата на Република Македонија реализираше низа на реформи во повеќе сфери со што се постигнати резултати кои се импресивни според сите стандарди, а Македонија е препознаена како една од најпрогресивните земји во светот.
Вицепремиерот Пешевски потенцираше дека со имплементирање на комплементарните економски политики намалена е невработеноста во земјата за над 10 процентни поени, се привлекуваат странски ивестиции кои создаваат производи со додадена вредност кои значително влијаат на зголемување на извозот, а сето тоа придонесува континуирано Република Македонија да има раст на бруто домашниот производ помеѓу највисоките во Европа.
Според него инвестициите во инфраструктурата, најниските даночни трошоци во светот и општо ниските вкупни трошоци за водење на бизнис се предност за домашните и странските компании кои работат во земјата.
Претходно на маргините на работниот дел од Форумот, Вицепремиериот Пешевски оствари и средба со претставници на Македонската ацоцијација на бизнис ангели и со претставници од македонските компании кои учествуваа на форумот, на која се дискутираше за потребите на компаниите и подобрување на бизнис климата во Република Македонија.
Денес е затворањето на „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели“, на кој со свои излагања учествуваа стотина реномирани економски експерти и бизнисмени и каде се презентирани најдобрите искуства и практики од јавниот и приватниот сектор за полесно обезбедување на финансиски средства на малите и средни компании, кои се двигател на економскиот развој на земјите.Наградата беше врачена од страна на Џонатан Ортманс, копретседателот на Глобалната мрежа на бизнис ангели (GBAN) и Бајбарс Алтунташ, заменик претсе

Пронајдете не на следниве мрежи: