На петтото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ перформанс во живо со песок ќе изведе шпанската авторка позната под прекарот „волшебни раце“, Диди Родан, која е прва и единствена уметница кој работи со оваа техника со песок во Шпанија. Настанот ќе се одржи на 8.11 (недела) во 19.30 часот во Кино Фросина, МКЦ.Станува збор за техника во која Диди комбинира неколку од своите уметнички интереси: театар, музика, и се разбира, цртање. Откако започнала да работи на овој начин, таа минува часови затворена во темна соба, обликувајќи ги ликовите од песок со кои создава невeројатни и фантастични приказни. Талент што произлегува од нејзините прсти во песочни форми, фасцинантни за секој набљудувач. Венецуелката Нидиа Морос во овој перформанс го дава својот глас за комплетирање на илузијата која jа создава Диди Родан.
Билетите за овој настан чинат 100 денари и можат да се набават на билетара на МКЦ.
„Легло за тебе“, необјавената приказна за Песочната мајка
Јашида е стерилна жена која оди во потрага по детето кое не израснало од нејзината утроба, но, кое ја чека некаде, знаејќи за неа.
Тоа е љубовна приказна кој се случува секопјат кога една жена ќе одлучи да прифати и создаде врка од апсолутна љубов со друго битие кое расте под нејзина закрила и топлина. Љубовта на мајката чија бременост трае девет месеци, како и без оглед колку и да е за тоа потребно, сè додека најпосле не се сретне со кревкото суштество кое ја бара уште од првото видување и ја сака со истата силина од самиот почеток.
Диди Родан
Диди, позната како Диди Родан, е родена во град во Галиција (Шпанија), една бурна ноќ во февруари. Уште од малечка покажала фасцинација за цртање и сликање и многу набрзо, се очигледна леснотија почнала да ја изразува реалноста, своите чувста и емоции преку уметноста. Уметничката кариера ја започнала измеѓу Гранада и Барселона, со одлични оценки и чувството дека не постои подобро место за неа во светот. Но, уметничките преокупации на Диди се протегаат многу подалеку од кариера во ликовната уметност. Таа истражува и се развива во најразличчни уметнички изразувања и во сите нив покажува необична чувствителност.
Поради тоа што е насочена кон повеќе аспекти на уметноста, штом завршува со студиите и се сместува во Мадрид, таа работи во најразлични области, поврзани со уметноста. Веќе инсталирана во Мадрид, Диди доаѓа во контакт со песок уметност, песочна анимација, или пак песочно уметничка изведба од рацете на јапонски уметник. Тоа е техника која комбинира многу уметнички аспекти на Диди: театарот, музиката и, се разбира, цртежот.
Затоа таа се чувствува удобно и е веднаш фасцинирана со оваа техника затворајќи се во темна соба со часови за да ја види појавата на неверојатни и фантастични приказни. Нејзиниот талент доаѓа од прстите во форма на песок, така едноставно, што секој кој ги набљудува останува фасциниран. Така запчнува приказната за песочниот уметник Диди Родан. Таа започнува да изведува настани низ целиот свет, станувајќи препознатлива под имињата: Диди песочниот уметник, Магичната жена, Волшебник од песок, Диди магични раце Првиот и единствениот женски уметник за песочна анимација во Шпанија. Повеќе информации за Диди Родан: www.didirodan.com
Нидиа Морос
Нидиа Морос потекнува од Венецуела и Шпанија, духовно припаѓајќи им на двете. Од детството, таа ја користела сцената за да ги покаже нивните различни уметнички таленти. Пее и танцува уште од малечка, а како дел од детската театарска група, во адолесценцијата, успева да ја додаде и глумата како дел од бројните уметнички таленти. Потоа следуваат пишување и режија, додека студира изведбена уметности во Централниот Универзитет во Венецуела. Го истакнува објавувањето на „Рани“ во 2008та, драма напишана заедно со четири драмски писателки од Шпанија, каде се провлекува темата на родово насилство. Но, не само што е одлична во театарот.
Во текот на својата кариера исто така работела како актерка и сценарист во филмот и телевизијата. Поради пријателството со Диди Родан, како и илузијата за заеднички прокет, изникнува краткиот филм „Песочна мајка“, каде нејзинот глас е синхронизиран со волшебната уметност на Диди.Станува збор за техника во која Диди комбинира неколку од своите уметнички интереси: театар, музика, и се разбира, цртање. Откако започнала да рабо