Пет грешки кои ги правите во тоалетот и како да ги исправите

Иако тоалетот е местото каде ја одржувате вашата секојдневна хигиена, сепак постојат некои грешки кои можете да ги направите во овој простор. Прочитајте кои работи ги правите погрешно, но без грижи може лесно да се исправат.
Премногу често користење на ист пешкир
Бактериите се собираат на мокрите пешкири и кога повторно ги користите, тие завршуваат на вас. Доколку сте забележале ранички по телото, можеби се предизвикани од бактериите од пешкирот. Доколку го делите пешкирот за раце со останатите членови дома, менувајте го секој ден, а индивидуалниот пешкир менувајте го неколку пати неделно.
Премногу кратко ги миете рацете
Миењето на рацете е најефикасен начин да ја смалите можноста од зараза, но многумина погрешно ги мијат рацете. Околу 90 проценти од луѓето ги мијат рацете за помалку од 15 секунди, додека дерматолозите препорачуваат дека треба да им посветите 20 секунди триејќи ги со сапун.

Одите босоноги во тоалетот
Мислите дека највалкана работа во вашиот тоалет е обвивката од веце – школката? Се лажете, подот во тоалетот е местото каде најмногу акумулираат бактериите. Затоа задолжително влегувајте во тоалетот со папучи, а нека ви стојат во близина на кадата или тушот, за да ви бидат близу кога ќе завршите со туширањето.
Користите токсични средства за чистење на тоалетот
Ја чистите бањата за да ги уништите бактериите кои предизвикуваат инфекции, но знаете ли дека некои производи може да го оштетат вашето здравје? Прочитајте го составот на средствата за чистење пред да ги купите.
Претерувате со шампонот
Огромен број на луѓе ја мијат својата коса речиси секој ден. Нашиот скалп произведува природни масла, кој е најдобриот регенератор, а кога ја миете премногу често косата, го лишувате скалпот од маслото кое му е потребно. Ако немате претерано мрсна коса, нема потреба да ја миете косата секој ден.Прочитајте кои работи ги правите погрешно, но без грижи може лесно да се исправат.
Премногу често користење на ист пешкир

Пронајдете не на следниве мрежи: