Пет илјади лалиња во цветните леи низ градот Во рамките на програмата на Град Скопје за уредување и одржување на јавните зелени површини, екипи на Градот Скопје, изминатиот месец интензивно го садеа пролетниот расад во цветните леи по жардиниерите на булеварите, улиците и во Градскиот парк.
Старото цвеќе е заменето со виоли- темјанушки и друг пролетен расад, а во леите се засадени и околу 5 000 лалиња со различни бои. На терен работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а разубавувањето на градот со сезонски расад ќе продолжи и во текот на наредните денови.Во рамките на програмата на Град Скопје за уредување и одржување на јавните зелени површини, екипи на Градот Скопје, изминатиот месец интензив