четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пет лица повредени во 5 сообраќајни несреќи во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пет лица биле полесно повредени во пет од вкупно 10 сообраќајни несреќи кои се случиле во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје. Во останатите пет била причинета само материјална штета.Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Од сообраќај се исклучени едно лице кое го управувало возилото под дејство на алкохол, 11 возачи го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, 12 лица го управувале возилото со истечена важност на сообраќајната дозвола, како и едно лице кое го управувало возилото технички неисправно.
Санкционирани се и девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, еден пешак поминал на коловоз вон пешачки премин, како и тројца возачи поради непрописно престројување. Затекнати биле 89 непрописно паркирани возила.
Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 84 возила.Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Од сообраќај се исклучени

Поврзани вести