Од мали не учат да избегнуваме да грицкаме нокти, плукаме, подждригнуваме затоа што тоа лошо влијае на нашето здравје.
Грицкање нокти
-Освен ако ви се рацете валкани, бактериите кои ги внесуваме грицкајќи нокти може да ни го зајакнат имунолошкиот систем.
Нашиот имунлошки систем има меморија и секој пат кога ќе наиде на нова бактерија тој произведува антитела за неа и ја памети во случај повторно да се појави.
Подждригнување
Подждригнувањето е составен дел од варењето кој не треба да се спречува.
Ако се воздржите и гасот остане во стомакот, доведува до киселини во организмот.
Испуштање гасови
Гасовите настануваат шест часови после оброкот. Имено гасовите ги опуштаат мускулите и ја намалуваат подуеноста посебно кај лицата со чувствителен стомак.
Доколку се воздржувате ќе предизвикате подуеност и болки во стомакот.
Пукање на зглобовите
Оваа навика не им штети на коските.
Според истражувањата врз луѓето кои редовно ги пукаат зглобовите не е забележано дека се склони кон артритис, туку имаат подеднакво здрави коски како и оние што не ги пукаат зглобовите.
Плукање
Секако дека е непристојна навика, но помага при олеснувањето на дишењето.
Најчесто дишиме преку нос, но понекогаш ни е потребно повеќе кислород па го внесуваме преку устата, па така ние внесуваме сув и ладен воздух кој го иритира грлото. Кога се произведува поголема количина течност таа пречи на дишењето па затоа е подобро да ја исфрлите надвор од организмот.
Од мали не учат да избегнуваме да грицкаме нокти, плукаме, подждригнуваме затоа што тоа лошо влијае на нашето здравје.