Пет месечно бебе спаси живот!

Малото бебе кое за жал почина, преживеа само пет недели и стана најмладиот донор на органи во Велика Британија, а најверојатно и во целиот свет спасувајќи го животот на една жена која била во опасност поради опструкција во бубрегот.Бебето старо само 5 недели стана едно од најмладите донори на органи во светот. Донирајќи го својот бубрег кој бил долг само четири сантиметри, ова детенце кое немало среќа да ја преживее инфекцијата, го спаси животот на 22-годишната медицинска сестра од Јокшир, Самири Каусер. Таа изјави:
„Зборовите не можат да ја изразат благодарноста која ја чувствувам кон родителите на детенцето. И понатаму сум жива, можам да продолжам со својот живот. Тие изгубија многу повеќе отколку што јас сум во состојба да разберам. Единствена утеха може да им биде тоа што некој друг, благодарение на нивното дете, доби можност да продолжи да живее. Тоа е огромен подарок“.

Трансплантацијата која траеше 7 часа беше изведена во Универзитетската болница „St. James“ во Лидс, а ја изврши хирургот Нијаз Ахмед. Д-р. Ахмед објасни:
„Откако бебенцето почина поради инфекција, родителите ни се јавија и ни рекоа дека сакаат нивното дете да биде донор на органи“.
Бубрезите, срцето, хепарот и белите дробови се во целост функционални веќе од 37-мата недела на бременоста, па така технички е возможно да се трансплантира орган од фетус во возрасна личност. Д-р. Ахмед уште додаде:
„Иако во почетокот полемизиравме околу тоа дали воопшто да ја прифатиме понудата на родителите кои штотуку го изгубиле своето бебе, сепак одлучивме да се согласиме, најпрво поради недостатокот на адекватни донори“.Бебето старо само 5 недели стана едно од најмладите донори на органи во светот. Донирајќи го својот бубрег кој бил дол

Пронајдете не на следниве мрежи: