Пет намирници кои спречуваат прејадување

Бројни се секојдневните соочувања со проблемот на прејадување, кој освен вишокот на килограми, предизвикува и истоштеност, губење на концентрација и надуеност во стомакот. Освен врежаните правила за смалување на порцијата и самоконтрола, природата сепак ни е најдобар сојузник во решавањето на зависноста од непотребни залаци храна. Таа ни нуди намирници кои го продолжуваат чувството на ситост, а нивна предност е и лесното комбинирање со сласните залаци.
Зелениот зеленчук со листови
 Спанаќот, кељот, марулата и зелката во себе содржат скоро незначителна количина на калории, додека од друга страна обилуваат со витамини и влакна кои создаваат чувство на ситост.
Апетисани
Освен што се одличен извор на влакна и магнезиум, семкастите плодови како оревите, бадемите, лешниците и индиските оревчиња обилуваат со омега-3 масните киселини и други здрави масти кои го забавуваат варењето на јагленохидратите, при што се намалува нивото на шеќер во крвта.

Семки од лен
Протеините и омега-3 масните киселини од ситните семки го намалуваат апетитот и го зголемуваат нивото на хормонот холецистокинин, кој инаку е задолжен за регулирање на апетитот.
Нане
Зелените листови на човечкиот организам делуваат смирувачки, а погодно делуваат и на рамнотежата на шеќерот во крвта со што се намалува чувството на глад. Нането е одлично како зачин во супа или чорба, бидејќи го забрзува топењето на мастите.
Јаболков оцет
Овој природно произведен кисел додаток во јадењето го забавува преминот на храната низ дигестивниот систем, со тоа се намалува потребата за непотребните залаци храна. Освен врежаните правила за смалување на порцијата и самоконтрола, природата сепак ни е најдобар сојузник во решавањето на зависноста од непот

Пронајдете не на следниве мрежи: