Пет предизвикувачи на канцерогени заболувања во вашиот дом

Секогаш сме опкружени со работи без кои едноставно не можеме, или едноставно со нешто што е незаменливо и мора да го применуваме како дел од нашето секојдневние. Но, несекогаш она нешто што ни е неопходно е и самото по себе здраво или пак незаменливо. Прочитајте кои се неколкуте канцерогени работи кои се дел од вашиот дом или секојдневие.
Препарати за чистење –  Изложеноста и вдишувањето на отровни хемиски материи и супстанци додека го чистите вашето лавабо, плочки, мебел и сл., се едни од нештата за потенцијален канцероген фактор. Голем број од препаратите за одржување на хигиената во вашиот дом содржат опасни материи, па совет е доколку можете и ја имате можноста да ги избегнувате, притоа применувајќи други начини на кој би го исчистиле вашиот дом. Иако овие препрарати се штети по вашето здравје нивното влијание за било каков развиток на посериозно канцерогено заболување со многу мали.
Телефон – Штетноста на телефонскиот апарат е постојаната тема  на расправија на бројни научни докажувања и дискусии. Она нешто што стручњаците ги загрижува најмногу е таканаречената ПФОА (перфолуорооксанска кислеина) која се користи како дел од производството на мобилните телефони. Покрај овој факт, се надоврзуваат уште 15 штети хемикалии кои се дел од составот на мобилните телефони. Се поставува прашањето кои и колкав процент од овие штетни состојки влијаат на човечниот организам. Доколку сте во можност избегнувајте го постојаното користење на вашиот мобилен телефон.
Шминка – Нешто без кое поголемиот дел на девојките не би можеле да го замислат своето секојдневие. Сепак и шминката е дел од оние канцерогени нешта кои на поголем или помал начин имаат канцерогено дејство врз вашиот организам. Канцерогените хемикалии кои ги содржат најразличните козметички препарати како: формалдехид, хидроген, парабен, жива и олово, како и едни од оние кои се вбројуваат како најштетни и најканцерогени супстаници како лакот кој помага за побрзо сушење на вашите нокти, честичките од лакот за коса кој го користите, како и супстанците кои се користат за појачување на дејството и мирисот на парфемите се нештата за кои се препорачува доколку неможете да ги отфрлите од вашата секојдневна употреба, барем нивната употреба да биде сведена на минимум. Воедно да не се изостави и дејството на различните кармини со кои голем дел од девојките ги истакнуваат нивните усни, кои притоа содржат најголемо количество на олово и најголем потенцијал за предизвикување на рак.

Пластика – Бисфенолот А кој се наоѓа во пластичните шишиња, лименките, дел од вашите помагала за исхрана како на пр. пластични чаши, и големиот број на предмети од пластика се таканаречен синтетички естроген кој предизвикува канцерогени заболувања, заболувања на репродуктините органи и срцеви болести. Воедно и состојката која се користи како додаток за поголема флексибилност на пластиката, диетихексил адипат (ДЕХА) е уште еден од факторите за предизвикување на канцерогени заболувања. Затоа доколку неможете да ги избегнете неопходните пластични помагала во вашиот живот, најмногу внимавајте истите тие да не бидат изложени на топлина бидејќи канцерогениот ефект на овие супстанци во тие моменти е на многу поголемо ниво.
Освежувачи – Стручњаците нагласуваат дека употребата а средствата за освежување на простории, доаѓајќи во допир со средствата за чистење во вашиот дом, комбинирано испуштаат хлор и амонијак, супстанци 100 пати поштети за вашиот организам. Освежувачите за воздухот во затворени простории се едни од најтендециозните причинители за канцерогени болести на јетрата, дишните патишта и бубрзеите. Подобро отворете го прозорот, или употребете лимунов сок во комбинација со сода бикарбона, како освежувач на вашата просторија наместо канцероген убиец на вашиот организам.Прочитајте кои се неколкуте канцерогени работи кои се дел од вашиот дом или секојдневие.

Пронајдете не на следниве мрежи: