На прв поглед можеби се чини дека е подобро мажот да е несигурен отколку претерано самоуверен, но после оваа листа на работи кои ги прават мажите кои се несигурни, ќе ви стане јасно дека не е така.
Врската со несигурен маж е прилично напорна работа, а откако ќе ја прочитате оваа листа на работи кои ги прават несигурните мажи, ќе ви стане јасно зошто.
Секогаш ги истражува вашите мотиви
Кога ќе му кажете дека го сакате, или не ви верува, или ќе бара да му објасните зошто. Несигурниот маж сака потврда дури и откако ја добил, што со тек на време станува многу напорно.
Љубоморен е на сите луѓе во вашиот живот
Без разлика дали станува збор за вашите пријатели со кои сакате да излезете, семејството или колегите од работа, несигурниот маж во секоја личност на која му го давате вашето време ќе види потенцијална закана.
Посесивен е
Заедно со љубомората и несигурноста, речиси секогаш доаѓа и посесивноста. Без разлика колку и да се трудите да му објасните дека нема потреба за ништо од тоа, несигурниот маж едноставно не може да си помогне.
Агресивен е и непредвидлив
Кога мисли дека може да ве изгуби или дека има причина за љубомора, несигурниот маж ја губи контролата и прави работи за кои сигурно ќе зажали кога ќе се смири. Читањето пораки на вашиот мобилен телефон и обвиненијата кои немаат врска со реалноста се почеток.
Фаќа белешки
Колку пати сте излегле со пријателките наместо со него, колку момчиња сте имале пред него, колку често сте му кажале дека го сакате… несигурниот маж постојано бара доказ дека неговата несигурност е оправдана.