Пет работи на кои мажите најмногу се „ПАЛАТ“, а сепак НЕ станува збор за вашата долна облека…

Додека жените се трудат нивната коса и шминка да изгледаат беспрекорно, мозокот на мажите функционира малку поинаку и тие забележуваат нешта кои на жените ниту на крај памет не би им паднале…Доколку сакате да доживеете незаборавно сексуално искуство, насочете го вашето внимание кон овие 5 детали кои се првите нешта кои секој маж ги забележува кај жените за време на сексот:
1. Вашата иницијатива
Не постои ништо поеротично од жена која се чувствува добро во своето тело. Тоа е природна мамка за мажите на која тие едноставно не можат да одолеат. Освен што ги прави жените посексапилни и позаводливи во нивните очи, тие ја сметаат опуштеноста за време на сексот како и преземањето иницијатива за силна желба да бидете со нив и да уживате во нивното друштво. Мажите обожаваат кога жените знаат што сакаат и не се плашат да го споделат тоа.
2. Вашите движења
Движењата се едно од најсилните женски оружја, започнувајќи од самото одење, флертување преку говорот на телото, однесувањето во друштвото, па сè до движењата во креветот. Женското тело само по себе им е многу привлечно на момците, но кога се вклучуваат и секси движења кои откриваат страст и заведување, ниту еден маж во тој момент нема да може да остане рамнодушен. Опуштете се, спојте го вашето тело со неговото и освојте ги сите негови сетила.

3. Вашите погледи
Погледот може да биде многу сензуално и страсно оружје на кое „паѓа“ секој маж. Тој покажува сигурност, висока самодоверба, уживање, страст и желба за секс. Со погледите за време на бакнежите, како и со погледите насочени кон неговото голо тело вие инстантно ќе ја зголемите неговата страст и желба за сексуален однос.
4. Вашите воздишки
За време на сексуалниот однос, она што открива вистинско задоволство се сензуалните воздишки на жените кои можат силно да влијаат врз возбудата на мажот. Со помош на овие воздишки тие знаат кога се на вистинскиот пат и на нив гледаат како на мали докази кои им укажуваат дека уживате во нивните допири и бакнежи. Едноставно препуштете ѝ се на страста и не се плашете да му покажете на вашиот партнер што навистина чувствувате за време на водењето љубов.

5. Вашиот труд
Ако мислите дека момците не обрнуваат внимание на вашата долна облека или пак, на уредувањето на интимната зона, вие многу грешите. Иако се целосно „загреани“ за вашето тело, тие веднаш го забележуваат и вашиот труд да ги импресионирате. Токму затоа не грижете се доколку изгубите повеќе време на дотерување, тоа со сигурност ќе бидете ценето од нивна страна…Доколку сакате да доживеете незаборавно сексуално искуство, насочете го вашето внимание кон овие 5 детали кои се првите нешта кои секој маж ги забе

Пронајдете не на следниве мрежи: