Поголем дел од девојките со тенки усни сакаат да ги зголемат со едноставни трикови со кармин. Токму поради тоа, во продолжение ви донесуваме пет трикови со кои тените усни ќе изгледаат неодоливо!1. Избегнувајте темни нијанси на кармин. Имено, тие нема да создадат илузија на полни усни. Тоа најлесно ќе го постигнете и со нежни розикави нијанси. Со молив за усни во неутрална нијанса прво исцртајте ги усните надвор од нивната линија и тогаш пополнете ги со истиот молив. Потоа нанесете кремаст кармин во слична нијанса.
2. Стратешки употребувајте сјај. Немојте да го нанесувате целосно на усните. Наместо тоа, ставајте го само во центарот на долната и горната усна. На тој начин, сјајот ќе рефлектира светлина и на усните ќе им даде 3Д ефект. За стопроцентен ефект, ставете малку хајлајтер на Купидоновиот лак (засекот над горната усна).
3. Бирајте впечатлива шминка за очи. Темна шминка, долги вештачки трепки, полни веѓи – сето ова ќе стави акцент на вашите очи, пренасочувајќи го вниманието на нив и сјајно ќе изгледа со неутралните тонови на усните.
4. Хидратизирајте ги усните. Природно тенките усни ќе изгледаат уште потенко доколку се суви. Затоа, хидратизирајте ги со помош на балзам, но внимавајте и редовно да внесувате вода за да го одржите свеж организмот.
5. Заштитете ги од сонце. Познато е дека УВ зраците се изразено штетни. Го уништуваат колагенот, поради што природно тенките усни ќе изгледаат уште потенко. Затоа употребувајте балзам со заштита од сончеви зраци.



