Урбаните легенди и бизарните приказни некогаш се ширеле преку устен пат, а во денешно време нивен главен извор е интернетот. Во последните неколку години се појавија многу урбани легенди, па затоа денес ќе ви ги издвоиме петте најпознати.Џон Титор – патник низ времето
Една од најпознатите модерни урбани легенди секако е онаа за Џон Титор, самопрогласениот патник низ времето кој кон крајот на 2000 година тврдеше дека доаѓа од 2036 година. Тој водеше многубројни дискусии со интернет корисниците, кои се интересирале за тоа како изгледал светот од иднината.
Последната порака ја објавил кон карјот на март 2001 година и потоа исчезнал, односно, според неговите зборови, се вратил во иднината.
Застрашувачко предвидување на човекот од иднината: Наредната година започнува Третата светска војна!
Сосема очекувано, Титор стана огромна сензација, а многумина поверувале во неговата приказна, иако во повеќе наврати се чинела дека е контрадикторна и наликувала на заплетите кои се случуваат во познатите SF филмови и романи. Останува фактот дека некое лице (или повеќе лица) со месеци се претставувале како Џон Титор, а до ден денес никој со сигурност го нема утврдено неговиот идентитет.
Паднатиот ангел од Каталонија
Во 2006 година, на Јутјуб се појави видео со назив „Possible fallen angel in Catalonia“, која на многумина им има создадено кошмари, а некои со сигурност на подолго време ги предомисли да не одат во шумите на кампување.
Накратко, краткото аматерско видео се состои од неколку аматерски кадри од мрачната шума, а се завршува со призор на морничаво човечко суштество кое се крие во една грмушка, а кое според изгледот потсетува на Голум од „Господарот на прстените.“
Деца со црни очи
Помеѓу морничавите легенди се наоѓа и онаа за децата со црни очи. Луѓето биле предупредувани дека колку и да ги молат, по ниедна цена да не ги пуштаат во своите домови.
Приказната е актуелна уште од 1998 година, кога новинарот Брајан Бетел ја опишал средбата со две необични момчиња, додека во една летна вечер седел во автомобилот и испишувал чекови. Во еден момент, пред автомобилот се појавиле две момчиња кои имале потполно црни очи, на возраст помеѓу 9 и 12 години. Едното молчело, а другото го молело Брајан да ги пушти во колата и да ги однесе до дома зашто наводно ги заборавиле парите за кино.
Новинарот опишал дека едното момче му се обратило со заповеднички тон. Во текот на разговорот, Бетел почнал да чувствува страв, а кога малку подобро ги погледнал момчињата, останал зачуден кога сфатил дека очите им се потполно црни – без зеници и белка!
ДЕЦА СО ЦРНИ ОЧИ: Сеништа кои влеваат страв во коски!
Момчето сѐ повеќе инсистирало да влезе во автомобилот, панично молејќи го исплашениот новинар да ги покани бидејќи според легендата, тие не можат да влезат било каде без посебна покана. Исплашениот Брајан тогаш го стартувал автомобилот и избегал, а кога набрзина се свртел да види каде се децата, видел дека тие исчезнале.
Многу други луѓе ја потврдија приказната и ги споделиле своите искуства со децата со црни очи. Имало и такви кои им дозволиле на децата да влезат во домовите, а потоа исчезнале без трага.
Кои се тие морничави деца? Вонземјани, вампири, духови… или можеби обични деца кои користат црни леќи? Во секој случај, интернетот веќе со години дебатира за овој морничав феномен и изгледа дека тоа ќе потрае.
Проклетството на „црвената соба“
Од Јапонија ни пристигнува урбаната легенда „Црвената соба“, поради која ќе ги гледате Јапонците на поинаков начин.
Според приказната, додека сурфате по нетот може да ви се појави црвен прозорец со текст: „Дали ти се допаѓа __________?“, испишан на јапонски јазик. Кога ќе се обидете да го затворите, ќе се појави уште еден и така по ред, а со секој нов ќе се дополнува текстот на цртата. Последниот pop-up ќе го открие прашањето: „Дали ти се допаѓа црвената соба?“
Според легендата, вашата судбина ќе биде запечатена – целиот монитор ќе поцрвени и ќе се појави список на имиња на кој на последно место ќе се најде и вашето. Имено, на списокот се наоѓаат имињата на жртвите на клетвата. Според легендата, секому кому му се случило тоа, наредниот ден бил пронајден мртов, а ѕидовите од собата биле потопени со крв!
За жал, целата приказна стана дел од трагедијата што се случи во 2004 година во Јапонија. Имено, земјата ја потресе веста за крвопролевање во градот Сасебо, кога единаесетогодишна ученичка ладнокрвно ја убила другарката од училишната клупа, поради обична караница за порака која била пратена преку интернет. Кога полицијата го пребарала компјутерот на девојчето убиец, во секцијата Bookmarks пронашла анимација за „црвената соба“. Сето тоа е можеби голема случајност, но со тоа убиство урбаната легенда доби сосема ново ниво на страв и морничавост.
Слендермен
Слендермен е можеби застрашувачко суштество, но за него со сигурност се знае дека е продукт на фантазијата. Тој настанал во 2009 година, на форумот „Something Awful“, во рамките на онлајн натрпеварување во кое корисниците добиле задача со фотошоп да збогатат обични фотографии со морничави мотиви.
Корисникот на форумот Виктор Сурџ (вистинско име Ерик Кнудсен), искористи две црно-бели фотографии кои прикажуваат група деца и во нив вметнал таинствена висока фигура без лице и со неприродно долги нозе. Тоа беше почетокот на Слендермен, морничавото слабо суштество во костим, кое демне и грабнува луѓе, посебно деца.
Меѓутоа, Слендермен неодамна стана и дел од стварноста. Имено, американската јавност ја потресе случка од Висконсин кога две дванаесетгодишни девојчиња се обиделе да ја убијат другарката, задавајќи ѝ 19 убодни рани со нож. Според медицинските извештаи, девојчињата тврделе дека токму Слендермен ги поттикнал да направат таков потег. Фиктивниот лик преку ноќ стана главна тема во медиумите, а еден вирален феномен одеднаш доби една друга, сосема непосакувана конотација.Џон Титор – патник низ времето
Една од најпознатите модерни урбани легенди секако е онаа за Џон Титор, самопрогласен