Пет животни лекции кои секој ТРЕБА да ги научи од Кијану Ривс!

Кијану Ривс е актер, продуцент, музичар, теоретичар на заговор и озлогласена интровертна личност. Во неговиот живот, Ривс се има соочено со многу тешки ситуации, но сепак успеа да остане смирен и приземен. Од постигнувањето на светска слава, до губењето на најблиските, приказната на овој човек е поинтересна од неговите ликови во филмовите.Ви приложуваме пет животни лекции кои можете да ги научите од необичниот живот на Кијану и да ги примените во пракса, за да направите светот да стане подобро место за живеење:
1. Тешкиот почеток не го дефинира остатокот од твојот живот
Роден во 1964 година во Бејрут, Либан, Кијану Ривс го започнува животот кој е исполнет со многу нестабилности сѐ до тинејџерските години. Кога имал само три години, таткото на Кијану Ривс се најде зад решетки поради продажба на хероин на Интернационалниот аеродром Хајло. Подоцна, тој го напушти семејството.
Во 2000 година, Ривс изјави за Rolling Stone: „Боже, човеку. Не, приказната со мене и мојот татко е многу тешка. Исполнета е со болка и со е*ена загуба и сите останати ср*ња“.
По разводот, неговата мајка станала дизајнер за облека и постојано патувала со децата по светот.
Повеќе му оделе спортовите од рака, можеби поради неговата дислексија. Тој бил одличен во играњето хокеј на мраз, но се откажал од можната професионална кариера поради повреда.
Тој почнал да глуми во разни театарски претстави кога имал само девет години, а бидејќи актерството почнало да му станува страст, тој го напуштил средното училиште и решил да се оствари како филмски актер.
Иако неговиот живот не започна во стабилна средина, Кијану израсна во човек кој презема одговорност за својот живот и одлуките. Изгледа дека тој ја пронашол својата стабилност при остварувањето на неговите цели и соништа.
Многумина од нас го започнуваат животното патување на стрмо тло, но од самите нас зависи што ќе ни се случува понатаму.

2. Дарежливоста може повеќе да нѐ награди од богатството
Се смета дека Ривс има заработено околу 110 милиони долари за толкувањето на улогата на Нео во „Матрикс“. Верувале или не, тој наводно дал 75 милиони долари од заработката за тимот кој беше одговорен за специјалните ефекти и за одделот на костумографите. Исто така, тој им купил мотори „Харли Дејвидсон“ на сите каскадери.
Со тек на годините, Кијану донирал милиони долари за разни хуманитарни организации. Неговата сестра Ким се бореше со леукемија цели 10 години, па Кијану се потруди таа да ја добие потребната помош. Исто така, тој има основано приватна Фондација за истражување на ракот, која им помага на неколку детски болници при истражувањата. Тој никогаш не сака да се експонира кога донира средства и никогаш јавно не се фали за своите добри дела.
Во интервју за магазинот Hello!, тој изјави: „Парите се последната работа на која мислам“.
Без сомнение, Кијану е дарежлив човек, кој веројатно има инспирирано голем број луѓе да дадат дел од богатството за оние на кои најмногу им е потребно.
3. Дозволи страста да те води, а не парите
Иако можеби делува како огромна мотивација за глумење, мал број актери ја одбираат оваа професија поради парите. Кијану е вистински пример за тоа и секогаш се чини дека тој ги става личните амбиции, моралот и мислењата пред било што друго.
Можеби најдобриот пример за тоа е кога Кијану одби да глуми во еден филм, иако му беа понудени 11 милиони долари за ангажманот.
Секако дека во денешно време поголем дел од луѓето ги ставаат парите пред среќата. На крајот на краиштата, повеќето се водат според мотото дека среќата не може да донесе покрив над главата, да го нахрани празниот стомак или да овозможи комфорен живот.
Но, тука се наметнува прашањето: Дали би сакале да ја следите Вашата вистинска страст и да го живеете животот според Вашите услови? Дали е важно да се биде потиштен и богат, или среќен?

4. Ќе загубиш многу луѓе во животот. Но, не дозволувај да се загубиш себеси
Во текот на снимањето на „Матрикс“, Кијану Ривс ја запознал младата актерка Џенифер Сајм на приватна забава. И додека „Матрикс“ ја имаше својата премиера по светот, тие двајца се вљубиле еден во друг и на пат им дојде бебенце. Но, во декември 1999 година, мртва им се роди Ава Арчер Сајм-Ривс.
Не можејќи да закрепнат од загубата на ќеркичката, тие двајца раскинале. На 2 април 2001 година, Џенифер го загубила животот во сообраќајна несреќа. Полицијата пронајде неколку шишиња со лекови во нејзината кола, а токсиколозите пронашле траги од кокаин, клоназепам и циклобензаприн во нејзиниот организам.
Во интервју за Parade во 2006 година, тој изјави: „Ми недостасува да бидам дел од нивните животи и тие да бидат дел од мојот живот. Се прашувам како би изгледало кога тие сега би биле тука – што сѐ би направиле заедно. Ми недостасуваат сите одлични работи кои никогаш нема да се случат. Не сакам да избегам од својот живот. Тоа е борба. Сакам да се оженам. Сакам да имам деца, тоа е врвот од планината. Но, најпрво морам да се качам на таа планина и ќе го сторам тоа. Само ми треба време“.
Постојат тмурни времиња во животот и кога ќе се загубите по темните патишта во животот, запомнете дека сте доволно силни за да дојдете до другиот крај од патот. Никогаш не сте сами, секогаш можете да се обратите за помош и целото искуство од Вас ќе направи похрабра и подобра личност.
5. Бидете одлични
„Позитивната енергија носи добри чувства, а негативната енергија често може да ви наштети. Но, деструктивноста во негативната енергија може да претставува и аспект за конструктивност. Понекогаш непријателите се нашите најдобри учители, луѓето можат многу да научат од своите грешки, а деструкцијата некогаш може да значи преродба. Бидете одлични кон себе и кон другите.“ – Кијану Ривс.Ви приложуваме пет животни лекции кои можете да ги научите од необичниот живот на Кијану и да ги примените во пракса, за да направите светот да ста

Пронајдете не на следниве мрежи: