Audi А6 има највисоки оценки за својата безбедност
Моделот од луксузната класа, исто така има одлична активната безбедностАмериканската тест програма NCAP го награди Audi А6 ( модел кој има комбинирана потрошувачка l/km 9,8 – 4,4; CO2 емисија 229 – 114 g / km) со максимален рејтинг, пет ѕвезди за неговата безбедност. Резултатите поврзани со заштитата на возрасните патници од фронтален и страничен удар, како и максимална заштита во случај на превртување, го прават Audi А6 еден од најбезбедните автомобили во својата категорија. Дополнување на врвниот резултат од Euro NCAP во 2011 година е максималниот рејтинг од пет ѕвезди за пасивна безбедност од американската национална агенција за безбедност на автопатите (NHTSA ). Во 2010 година агенцијата постави повисоки критериуми кај тестирањата при преден и страничен судир, со цел сценаријата при судир да бидат што попрецизни. Оценките од тестирањата кои му беа доделени на Audi А6 за заштита на возачот и совозачот од фронтален и страничен удар му донесоа на автомобилот врвен рејтинг од пет ѕвезди. Патниците на задната клупа во Audi А6 исто така добро се заштитени, затоа моделот доби 5 ѕвезди како резултат на одличната заштита од страничен удар. Американската тест програма NCAP го награди Audi А6 ( модел кој има комбинирана потрошувачка l/km 9,8 – 4,4; CO2 емисија 229 – 114 g / km) со макси