„Петар Поп Арсов“ – Шампион во одбојка

Во еуфорична навивачка атмосфера, денеска, пред полните трибини во С. Ц. ,, Форца’’, се одигра финалниот натпревар во одбојка, кој се одржа во рамки на спортските училишни лиги 2015/2016, кои традиционално се организираат во основните училишта кои се на територијата на Општина Карпош. Големото финале, годинава, го понесоа најдобрите одбојкарки од екипите на ООУ ,, Петар Поп Арсов’’ и ,, Лазо Трповски’’. 
Во изедначен и крајно неизвесен натпревар, со многу пресврти до самиот крај, победник во круната на завршницата стана одбојкарскиот тим на ООУ ,, Петар Поп Арсов’’ кој го победија својот ривал со резултат од 2 спрема 1 во сетови.
Второто и третото место го освоија одбојкарките на ООУ ,, Лазо Трповски’’ , односно ООУ ,, Димо Хаџи Димов’’.
Младата одбојкарка Елена Атанасовска од „Петар Поп Арсов“, беше прогласена за најталентиран играч, додека Мартина Петровска од „ Димо Хаџи Димов“ го доби признанието за најдобар смечер. Најдобар играч во натпреварувањето е ученичката Бојана Маројевиќ од „Лазо Трповски“.
Претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски, им додели пехари на првите три училишта, и ги одликуваше одбојкарките со златен, сребрен и бронзен медал, соодветно на освоеното место во ова натпреварување.
  
Во изедначен и крајно неизвесен натпревар, со многу пресврти до самиот крај, победник во круната на завршницата стана одбојкарс

Пронајдете не на следниве мрежи: