Денес, 22 мај 2000 година, е формирано Македонско научно здружение за аутизам. Како вчера се сеќавам да беше тоа. На Институтот за имунобилогија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, се собравме основачите: проф. д-р Љубомир Ајдински, проф. д-р Мирко Спироски, проф. д-р Драгослав Копачев, проф. д-р Кристин Василевска и проф. д-р Владимир Трајковски (тогаш асистент) и десетина други колешки и колеги од Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет и од Институтот за имунобиологија со хумана генетика. Го донесовме статутот кој потоа претрпе измени со новиот закон.Во изминативе години не беше нималку лесно да се реализираат целите и задачите на здружението:
-примарна превенција на лицата со аутизам;
-истражување механизмите кои се поврзани со аутизмот;
-истражување ефектите од рехабилитација на лица со аутизам;
-третирање на лица со аутизам;
-соработка со родителите на деца со аутизам;
-координација на владини и невладини организации кои се бават со аутизам;
-едукација на стручни кадри.
Веднаш објавивме 2 памфлети за аутизмот во Македонија и за здружението, како и две веб страници Аутизам Македонија и официјалната веб страница на МНЗА која денес е видозименета од таа првобитната и брошура за Правата на лицата со аутизам во Република Македонија.
Во изминативе 15 години објавени се два учебника под наслов „Аутизам” и „Аутизам и первазивни развојни нарушувања” кои се наменети за дефектолози, доктори по медицина, психолози, социјални работници и други стручни профили кои работат со оваа проблематика. Остваривме одлична соработка со многу семејства и се надевам им помогнавме како да се справат со овој тежок социјално медицински и ментално здравствен проблем.
Наши членови земаа учество на десетина семинари и конгреси во земјата и странство. Реализирани се преку 10 стручни и научни проекти со национален и меѓународен карактер. Нашите членови имаат објавено шеесетина стручни и научни трудови од кои повеќето се наведени на следниот линк. Нашите трудови се цитирани во светски реномирани научни списанија. Организирани се три трибини за Down синдром заеднос о нашите партнери од Трисомија 21 Загреб.
Организирани се три предновогодишни забави, ликовна работилница во аулата на Филозофскиот факултет од Скопје, заедно со фондацијата Аполонија отворени се 4 сензорно соби во јужните градови на Македонија. Потпишани договори за соработка со повеќе НВО од регионот и Македонија, како што се „Дар” од Белград, „Рубикон” од Скопје, Трисомија од 21 Загреб „Во мојот свет” од Скопје, „Енигма Македонија”.
Во овој месец мај остваривме обука за аутизам наменета за наставниците од ОУ Јоаким Крчоски од село Волково. Има и многу други активности и ангажмани на членовите на МНЗА кои несебично се вградуваа во оваа голема сложувалка. Но, овде нема доволно место и простор за да се истакнат сите активности. Како една куса ретроспектива нека послужи видеото од гостувањето на претседателот на здружението во утринската програма „Македонија наутро” на МРТВ на 21 мај 2015 година кое можете да го проследите во продолжение и е со времетраење од 13 минути.
Проф. д-р Владимир Трајковски – претседател на МНЗА
Извор: БлогспотВо изминативе години не беше нималку лесно да се реализираат целите и задачите на здружението:
-примарна превенција на лицата со аутизам;