Петре Завировски е млад 21 годишен атлетичар на АК Вардар кој настапува на долги патеки. Својата најдобра трка овој млад атлетичар ја истрча мината сезона (2014) на 06. април на Балканското првенство во полумаратон, кое што се одржа во Драч, соседна Албанија. Тогаш, патеката долга 21.097 км, Завировски ја мина за 1:17:35 и се пласираше на 14. позиција во конкуренција на најдобрите полумаратонци од Балканот. Потоа следеше долг период во кој Завировски имаше проблеми со повреда на десното колено.Оваа сезона, Завировски успешно ја стартуваше негов таргет натпревар требаше да биде Скопскиот маратон но поради безбедносната ситуација во Мај, Маратонот беше откажан. Во вториот дел од сезоната во Септември повеќе од успешно истрча на Ноќниот полумаратон каде во конкуренција на околу 160 полумаратонци се пласираше на второто место. Следни трки на кои ќе настапи се Ноќната трка во Скопје и државното првенство во крос кантри во ноември.
За Рuls24.mk Завировски вели: Пред сѐ, се чувствувам почестен што сум дел од АК Вардар. Во овие тешки денови за овој атлетски клуб каде што за Вардар настапуваме само јас и Марко Ивановски. Вардар ми е во срцето, целата кариера ќе ја поминам во овој клуб.
Неверојатно е чувството да се трча во црвено-црниот дрес. Инаку, оваа сезона за мене почна добро, но за жал, Скопскиот маратон не се одржа. Сите мои карти беа фрлени на таа трка. Со самото откажување на маратонот комплетно пропадна мојот прв дел од сезоната. Во вториот дел спасував тоа што можеше да се спаси.
На ноќниот полумаратон во Градски Парк го освоив второтот место. Сега комплетно сум насочен кон ноќната трка која се трча низ скопските улици во чест на празникот на градот скопје 13 Ноември. Потоа, крај на сезоната ќе ставам на државното првенство во крос-кантри кое исто така се одржува во ноември. Веќе полека со мислите сум кон следната натпреварувачка сезона до која што ме очекува долг пат. Се надевам дека добро ќе тренирам и следната сезона резултатски ќе се искачам ниво погоре!Оваа сезона, Завировски успешно ја стартуваше негов таргет натпревар требаше да биде Скопскиот маратон но поради безбедносната ситуација во Мај, Ма