Петровски: Каде исчезнаа стотици илјади Македонци во почетокот на 20. век?

Македонското прашање отсекогаш претставуваше трн во око за Грците поради нивните територијални претензии кон земјата. Во време на квази-историја и пропагандна машинерија на јужниот сосед, не можат да се игнорираат историските документи кои се наоѓаат во државните архиви низ светот, а кои сведочат за единственото и непобитно постоење на Македонците како нација и народ со своја автономија и идентитет.Директорот на Државниот архив на Република Македонија, г-дин Филип Петровски, објави оригинална карта на Македонија која датира од 1905. година и е извадок од книга за Македонија која е печатена во Виена.
Во книгата прецизно се покажува различноста на Македонците од Грците и Бугарите. За Србите воопшто и не станува збор. Таа всушност ја опишува националноста и религиозната припадност.
Подетално загледување, или проучување на истата ќе ве доведе до прашањата кое логично се наметнуваат: Каде исчезнаа стотици илјади Македонци? Посебно од Солунскиот вилает? Каде отидоа тие луѓе?
Во описот на албумот, Петровски прави осврт на настаните:
„Постои попис, односно турски попис од 1904. година кој мислам дека може да биде дополнителен извор на информации. На истиот попис се повикува генералот во пензија Ознал во својата книга МАКЕДОНИЈА НЕ Е ГРЧКА, и истиот го поставува прашањето на исчезнувањето на стотици илјади луѓе… Дали е во прашање најголемиот геноцид на територија на Европа во минатиот век, за кој никој не зборува? Со чиј благослов исчезнале овие луѓе? Добро погледнете го етничкиот состав на жителите на градовите што се одвоени во коцки…“
Повеќе може да погледнете во објавата на Фејсбук:
 

Оригинална карта од 1905та година. Од книга за Македонија, печатена во Виена. Прецизно покажува различност на МАКЕДОНЦИТ…
Posted by Filip T. Petrovski on Tuesday, January 5, 2016

Директорот на Државниот архив на Република Македонија, г-дин Филип Петровски, објави оригинална карта на Македонија која датира од 1905. година и е

Пронајдете не на следниве мрежи: