Древните напуштени локации обично си доаѓаат со грда приказна за тоа зошто станале напуштени, но, во модерното време често се обвиени со мистерија. Ова се најмистериозните пет локации низ светот што биле заборавени и напуштени.Хотелот на пропаста: По 30 години градба и цена од 750 милиони долари, Хотелот Рјугјонг во Пјонгјанг, Северна Кореја, останува мистериозно празен. Неговата цел била да ја покаже моќта на режимот што владеел за време на Студената Војна, но со падот на Советскиот Сојуз работата на хотелот целосно запира. Со висина од 330 метри и 3000 празни соби, хотелот останува неупотребен и е наречен „Хотел на Пропаста“. Постојат теоирии дека не може да се насели заради грешки во инженерството, а владата често го отстранува од фотографиите. Сепак, некои од бегалците вработени во севернокорејските ресторани во Кина тврдат дека се поранешни вработени кои работеле на хотелот и дека тој еден ден ќе проработи.
Во 1981 год, во Бугарија се отвора храм за тајните состаноци на врвот на Комунистичката партија. Т.н. „свечена хала“ била штаб на партијата. По падот на Железната Завеса во 1990 год. и отстранувањето на лидерите на партијата од власт, градбата е напуштена. Заради градбата слична на НЛО, се верува дека под неа е закопана временска машина.
Системот Дуга е изграден во 1976 год. до Припјат во Украина, во 1976 год., и е таен воен комплекс од експериментални антени. Од овде се емитувал мистериозниот радио сигнал „Руски Клукајдрвец“ што можел да се слушне низ целиот свет. Според некои извори, една од антените, Дуга-3, никогаш не е официјално признаена и на мапите е прикажувана како камп за млади. Заради неверојатниот изглед, се верува дека е дел од експерименти за конрола на временските услови. По нуклеарната катастрофа во Чернобил, комплексот антени е напуштен заради радијацијата.
Во 1930-53, симпатизерите на нацистите во Америка се нарекувале Сребрената Легија на Америка и сонувале дека Хитлер ќе управува со светот од Холивуд, па му изградиле личен Американски Бункер на Фирерот во Лос Анџелес. Групата го договорила доаѓањето на Хитлер со неговиот агент во САД, мистериозен човек познат како господин Шмит, но авионите биле спречени кога фБИ извршиле рација на комплексот по бомбардирањето на Јапонците во Перл Харбор. Незавршените нацрти вклучуваат чудна фонтана во центарот украсена со 12-те знаци на хороскопот. Денес, ранчот Марфи останува напуштен и покриен со графити и покрај тоа што положбата му е на најскапо место.
Вселенскиот пиштол на Барбадос: Се наоѓа на брегот. Скапаниците сведочат за некогашниот вселенски пиштол во американско-канадската фаза на студена војна. Напуштен е во 1967 год., и бил дел од проектот ХАРП (High Altitude Research Program) за испукување на сателити во орбитата. Татко на програмата е Жералд Бул, контроверзен ракетен инженер кои подоцна оди да работи за Садам Хусеин. Бул имал задача за Ирак да создаде серија мистериозни „супер-пиштоли“ во Проектот Вавилон, кои ќе служат за непозната намена, но бил убиен од агенти на Мосад пред проектот да биде завршен.Хотелот на пропаста: По 30 години градба и цена од 750 милиони долари, Хотелот Рјугјонг во Пјонгјанг, Северна Кореја, останува мис
Пронајдете не на следниве мрежи: