Петте најпопуларни теории на заговор за Бијонсе

Популарната пејачка постојано е мета на теоретичарите на заговор кои даваат се од себе да го разоткријат тајното друштво на Илуминатите и нивното влијание во музичката индустрија. Нејзиниот брз напредок на музичката сцена и огромната популарност понекогаш со право будат сомнежи кај јавноста.1.Сигнификација
Бијонсе често се поврзува со здружението на Илуминатите поради еден знак кој го прави на сите свои настапи. Станува збор за гестикулација со рацете формирајќи ја познатата пирамида со „окото што гледа се“, која е заштитен знак на Илуминатите. Доволно сомнително е и тоа што нејзиниот сопруг, Џеј Зи истата пирамида ја користи како лого за својата продукциска куќа „Rock-A-Fella“
2.Сомнителни бебиња
Многумина веруваат дека Бијонсе ја лажирала својата бременост и дека за раѓање на нејзиното бебе е искористена сурогат мајка. Некои дури и се сомневаат дека тоа можеби е нејзината сестра Соланж, која никаде ја немало додека Бијонсе била бремена, а по породувањето сомнително станала многу позната. Оваа теорија на заговор се покрена откако во една ТВ емисија, седнувајќи на стол, стомакот на Бијонсе буквално се преклопил, а таа не изреагирала. Исто така, сите се прашуваат зошто за нејзиното породување е резервиран цел кат во болницата, со сите 28 соби на него?

 
3.Лажна дата ан раѓање
Бијонсе е родена на 4-ти Септември, но не во 1981 година, туку во 1974. Нејзината возраст се доведува во прашање уште од нејзините рани денови на сцената, како членка на триото Дестенис Чајлд. Анонимент вработен во министерството за здравство на Тексас тврди дека во нејзиниот извод од матичната книга на родените како година на раѓање стои 1974, а не 1981 како што се мислеше до сега.

4.Бијонсе и е мајка на Соланж
Можеби е најлудата и најневеројатна теорија на заговор, но до некаде има смисла. На претходната теорија додајте една тинејџерска бременост, и оп – ете ја Соланж. Постојат теории дека првата бременост на Бијонсе се случила во 1986, и дека потоа нејзините родители за да го скријат тоа, ја израснале Соланж како своја ќерка.

5.Банкар на Ѓаволот
Се верува дека Бијонсе е член на средниот сталеж на банката на Сатаната, и дека нејзина должност, како и на многу други славни ѕвезди, е преку својата музиак и видео спотови на тинејџерите да им го перат мозокот и да им ги извртуваат моралните и етичките вредности. Групата „Now the End Begins“ оваа своја теорија ја произнесе во видео формат кој можете да го погледнете подолу.
1.Сигнификација
Бијонсе често се поврзува со здружението на Илуминатите поради еден знак кој го прави на сите свои настапи

Пронајдете не на следниве мрежи: